Промотори


Владата на Република Македонија континиуирано работи на имплементација на мерки за подобрување на бизнис климата и зголемување на конкурентноста на македонската економија. Во овие мерки се инкорпорирани најдобрите искуства на многу европски земји и препораки на Светската Банка и меѓународните финансиски институции. Мерките се насочени кон намалување на бирократијата и намалување на трошоците и процедурите за добивање административни документи, преку електронско аплицирање и добивање на дозволи и лиценци и понатамошно намалување на трошоците за фирмите. Ќе се реализираат и мерки за подобрување на конкурентноста на македонската економија со поврзување на фирмите со универзитетите и иноваторите, преку имплементација на истражувачки и развојни проекти. Подобрувањето на постојните и имплементирањето на нови технологии ќе придонесе за намалување на технолошкиот јаз кој Македонија го има во однос на земјите членки на ЕУ. Една од главните мерки во оваа насока е и ангажирањето на економски промотори низ повеќе земји во светот, со главна цел да ги информираат големите корпорации во тие земји за одличните можности за инвестирање во Македонија. Листата Македонски економски промотори ја сочинуваат: