Регистрирање на компанија во Македонија


Регистрацијата на трговски друштва во Република Македонија ја регулира Законот за Трговски Друштва кој е во функција од 2004 година, а Централниот Регистар на Македонија е овластената институција за регистрирање на компаниите. Овој закон е примарниот закон за регулирање на деловната активност во Македонија. Ги дефинира видовите на компании, процедурите и регулативите за нивно основање и започнување со работа. Сите странски инвеститори ги добиваат истите права и привилегии како и Македонските државјани, така да странските инвеститори имаат право да основаат и да вршат активности во некој од дефинираните типови компании според Македонското Законодавство. Странските инвеститори немаат обврска да се стекнат со некоја специјална дозвола од државните институции, освен оние дозволи кои се бараат со самиот закон. Според Законот за Трговски Друштва, компаниите се формираат како посебни правни лица кои функционираат независно од нивните основачи, акционери и менаџери.

Компании