На 07-ми февруари, 2017 година, во DROP – лабораторија при Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип  во Кампус 2, се оддржа втора еднодневна обука во рамки на проектот „Бизнис Центар - „Клик“ поблиску до вашиот бизнис“.


Центарот за развој на Источен плански регион во рамките на овој проект изработи иновативна веб и мобилна апликација “КЛИК“, со цел да се овозможи поефикасна и поефективна комуникација меѓу Бизнис центарот при Центарот за развој на Источниот плански регион и бизнис заедницата со редовна комуникација преку интернет и мобилни апликации.


Главната цел на проектот е да се зголеми конкурентноста на Источниот плански регион преку нови иновативни методи за поддршка и промоција на малите и средни претпријатија и промоција на регионот кон домашни и странски инвеститори.


За користењето на оваа апликација се направи обука на лица – учесници  од Општините коишто ја познаваат оваа проблематика.


Носител на овој проект е Центарот за развој на Источен плански регион. 

Имлементацијата е доверена на Лабораторијата за дигитални ресурси и отворен пристап (ДРОП) на Факултетот за информатика при УГД.