Вести

Прва форумска сесија од програмата „Регионални форуми во заедницата“, оддржана на 20.02.2019 (среда) во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“

Првата форумска сесија под наслов “ЗАЕДНО ГО РАЗВИВАМЕ НАШИОТ РЕГИОН”, се оддржа на 20.02.2019 година (среда) во хoтел „Изгрев“ во општина Штип. Центарот за развој на Источен плански регион во соработка со Швајцарската Агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа започнува со идентификација на проектни идеи во рамките на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој 2018-2020“, финансиран од страна на Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарската Конфедерација.

Имајќи ја во предвид потребата за подобрување на капацитетите на центрите во подготовката, управувањето и имплементацијата на иновативни регионални проекти како и зголемување на транспарентноста и одговорноста на регионалните совети се пружа одлична шанса во координација и соработка со релевантните засегнати страни приватниот сектор, академската заедница, и граганското општество да се одлучува за она што е приоритет и потреба во регионот.

е-Билтен Заедно за развој, бр.15

е-Билтен бр.15 - Бизнис центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион.Преземете го тука.