Вести

е-Билтен Заедно за развој, бр.20

е-Билтен бр.21 - Бизнис центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион.Преземете го тука.

Прва форумска сесија од програмата „Регионални форуми во заедницата“, оддржана на 20.02.2019 (среда) во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“

Првата  форумска сесија под наслов “ЗАЕДНО ГО РАЗВИВАМЕ НАШИОТ РЕГИОН”, се оддржа на 20.02.2019 година (среда) во хoтел „Изгрев“ во општина Штип. Центарот за развој на Источен плански регион во соработка со Швајцарската Агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа започнува со идентификација на проектни идеи во рамките на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој 2018-2020“, финансиран од страна на Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарската Конфедерација.

Имајќи ја во предвид потребата за подобрување на капацитетите на центрите во подготовката, управувањето и имплементацијата на иновативни регионални проекти како и  зголемување на транспарентноста и одговорноста на регионалните совети се пружа одлична шанса во координација  и соработка со релевантните засегнати страни приватниот сектор, академската заедница, и граганското општество да се одлучува  за она што е приоритет и потреба во регионот.

Една од активностите на овој проект е токму организирација на форумски сесии.

Вкупниот буџет наменет за реализирање на оваа активност, а кој што ке биде доделен на успешните плански региони изнесува 842.000,00 CHF, односно 45.658.000,00 денари чие доделување ке биде согласно Одлуката за степенот на развиеност на планските региони за квалитетни предлог проекти. Средствата што нашиот регион може да ги обезбеди се на максимален износ  од  95.158 CHF, за проекти од областа на туризмот, животната средина, бизнис инфраструктурата и социјалната инклузија.

Во рамките на првата  форумска сесија се дискутираше за проблеми кои го засегаат регионот и се нудеа решенија од кои  произлегоа проектни идеи/концепти за предлог проекти. Во наредните сесии од овие концепти за предлог проекти, учесниците на форумот ќе ги изберат најприоритетните, кои ќе конкурираат за реализација од проектниот фонд, а на последната сесија ќе се даде повратна информација за реализацијата на избраниот / избраните форумскиот проект/и и препораки.

Одржана работилница „Креирање визија за Осогово – идно заштитено подрачје“

На 13 септември 2018 година во Туристичкиот инфо центар „Пониква“ се одржа работилница на тема „Креирање визија за Осогово – идно заштитено подрачје“. Работилницата беше реализирана во соработка со Македонското еколошко друштво, во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија поддржана од Швајцарската Конфедерација.

Оваа работилница е дел од процесот за воспоставување на нови заштитени подрачја во брегалничкиот регион, кој се води со примена на партиципативен пристап. Целта беше информирање на засегнатите страни на локално ниво за активностите поврзани со процесот за прогласување на Осогово како идно заштитено подрачје и креирање на заедничка визија на локалното население за Осоговскиот регион.

Работилницата ја отвори градоначалникот на Општина Кочани и Претседател на Советот за развој на Источен плански регион г-дин Николчо Илијев, чие присуство на работилницата ја потврди поддршката за прогласување на Осогово за заштитено подрачје на градоначалниците од целиот регион.

На работилницата присуствуваа претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, ЈП Македонски шуми, претставници од засегнатите локалните самоуправи и претставници од здруженија на граѓани од општините Пробиштип, Кочани и Македонска Каменица.