Земјоделие


Источниот плански регион ги опфаќа териториите на рамнините во Кочанско и Штипско и околните општини, како и планинските реони на Малеш и Пијанец. Според податоците од Државен завод за статистика, во 2014 година регионот има вкупно 177.171 hа земјоделско земјиште од кои 43,20% или 76.490 хектари се обработливи површини, а 56,80% или 100.649 хектари се пасишта.

Во регионот доминантни обработливите површини се ораници и бавчи со 62.501 hа, овоштарници има 3.642 hа, лозја 1.486 hа и ливади 8.861 hа. Процентуалната застапеност на земјоделските површини е прикажана на следната слика:

Последните официјални податоци објавени 2014 година даваат преглед на состојбата во 2013 година и според нив во Источен плански регион вкупно 53 претпријатија со претежна дејност земјоделие обработуваат 4.547 ha, додека 23.709 индивидуални земјоделски производители обработуваат 55.606 хектари земјоделска површина. Според ова, просечната големина на обработувано земјиште по земјоделско претпријатие е ца. 85,8 хектари. Индивидуалните земјоделски производители во просек обработуваат 2,35 хектари површина, која е над националниот просек, 1,84 ha / индивидуален производител (извор: http://www.stat.gov.mk/Publikacii/5.4.14.01_769.pdf).

Поледелското производство е доминантно во регионот, а приближно еднаквата застапеност на јачменот со пченицата и релативно високата застапеност на пченката укажува на добра база за сточарско производство. Од житните култури во овој регион најголемо значење има оризот, застапен на 4839 ha и има огромно значење за растителното производство во регионот. 99,45% од вкупното производство на ориз во земјата се одвива во Источниот плански регион. Доминантна фуражна култура е луцерката, а доминантна индустриска култура е тутунот. Овој регион е најголем производител на компир во државата, а најголема гордост е Беровскиот компир. Од овошните култури во регионот доминира сливата, а лозарството доминира во Штипскиот регион.