Инвестирајте во источниот регион

ВОДИЧ ЗА ИНВЕСТИЦИИ ВО ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН

Водоснабдување


Водостопанска инфраструктура

Снабдувањето со вода за пиење во Источниот плански регион се врши преку користење на вода од извори, подземни води, површински води или некоја на овие ресурси. Подземни води се користат за снабдување на градовите: Штип (со претходна обработка), Кочани, Пробиштип и Делчево.

Површински води по претходен третман на суровата вода користат градовите Берово и Виница. Комбинација од површинска и подземна вода користат Делчево и Виница. Системите за водоснабдување во руралните области главно се обезбедуваат со изворски и подземни води, често пати тие користат и површински води. Во Источниот плснки регион лоцирани се 4 поголеми акумулациони езера: Градче, Калиманци, Мавровица и Ратево-Беровско езеро. Во сливот на реката Брегалница постојат и други помали акумулација, како што се Петрашевец, Лошана, акумулација во с.Пишица и други, помали. Од особено значење е акумулацијата Злетовица-брана Кнежево, со вкупна зафатнина од 23.500.000 m3 вода која се користи за водоснабдување.

Водоснабдувањето во општините кои се лоцирани во Источниот плански регион е обврска на локалните јавни претпријатија. Покриеноста на населението со системи за вода за пиење се движи од 90% во Штип до 100% во Виница, додека во руралните средини истиот индикатор се движи од 10% до 80%. Во руралните населени места постојат издвоени системи за водоснабдување. Вкупната должина на водоводната мрежа во Источниот планински регион е 384 km и истата е претежно лоцирана во урбаните центри на општините.