Инвестирајте во источниот регион

ВОДИЧ ЗА ИНВЕСТИЦИИ ВО ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН

Сместувачки капацитети во Источниот плански регион

Од презентираните податоци може да се забележи дека Источниот плански регион пројавува зголемување на капацитетите за сместување. Во 2010 година бројот на соби изнесува 533, број кој се зголемува во следните три години што претставува позитивна појава. Во 2013 година бројот на соби изнесува 620 што е зголемување во однос на првата анализирана година.Бројот на легла во Источниот плански регион бележи слични тенденции. Така, во 2010 година имаме 1.718 легла за во наредниот период да имаме пораст до 1.826 легла во 2013 година.