Инвестирајте во источниот регион

ВОДИЧ ЗА ИНВЕСТИЦИИ ВО ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН

Судски систем во Источен плански регион

Во Источниот плански регион се лоцирани канцеларии и филијали на сите поважни јавни и финансиски инститтуции во Р. Македонија. Согласно Законот за работни односи (“Службен весник” на РМ, бр. 16/2010), во Република Македонија работната недела трае пет работни дена, а работното време не смее да биде подолго од 40 часови неделно.
Најголемиот број јавни институции и финансиски субјекти имаат работно време понеделник - петок во периодот 8.30 - 16.30 и пауза меѓу 12.00 - 12.30 часот.

Врховниот суд на Република Македонија (www.vsrm.mk) е највисок суд во државата и обезбедува единство во примената на законите од страна на судовите.

Управниот суд (www.usskopje.mk) со седиште во Скопје, како еден од носителите на судската власт во судскиот систем на Р. Македонија, кој судската власт ја врши на целата територија на државата. Управниот суд Скопје одлучува во управен спор во тужби против управни акти на орган на државна управа или организација.

Апелационен суд Штип (www.asstip.mk) - Според член 33 од Законот за судовите, е надлежен да решава по жалбите против одлуките на основните судови и да решава за судир на надлежност меѓу судовите од прв степен на своето подрачје. Апелациониот суд Штип е надлежен да решава по жалбите против одлуките на основните судови и да решава за судир на надлежност меѓу судовите од прв степен на своето подрачје.

Основниот суд во Штип (www.osstip.mk) е првостепен суд со проширена надлежност, кој покрај надлежноста утврдена за основните судови со основна надлежност за подрачјата за кои се основани, одлучува и: во прв степен по кривичните дела и прекршоци, прв степен по граѓанските спорови, кривичните дела, граѓански спорови. Освен во Општина Штип, основни судови има и во општините Берово, Виница, Делчево и Кочани.