Инвестирајте во источниот регион

ВОДИЧ ЗА ИНВЕСТИЦИИ ВО ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН

Производство и нови вработувања

Бруто додадената вредност во Источниот плански регион во 2012 година изнесуваше 395,335 милиони денари.

Структурата на бруто додадената вредност според дејности е прикажана на следната табела. Во однос на структурата на бруто додадената вредност според дејности учеството на земјоделието е на ниво на државата, а учеството на индустријата е скоро двојно поголемо од просекот на државата.

Источниот плански регион во 2013 година имал 5.796 активни деловни субјекти. Динамиката на бројот на активни претпријатија во Источниот плански регион во претходниот период (по години) изгледа вака:

Иако, бројот на деловни субјекти не мора да биде добар показател за нивото на активност, сепак индикативно е дека најголем број на претпријатија регионот имал во 2010 и дека бројот варира. Гледано според големината на деловните субјекти излегува дека најголем дел од нив (84%) се практично микро претпријатија со ниска акумулациона сила и формирани главно со мисија да обезбедат економска егзистенција на основачот и малкуте вработени во нив, а не и за посериозни и по волумен големи деловни потфати. Целиот регион имал само 175 фирми од средна големина и 18 големи претпријатија. Оттаму, односот мали и средни – вкупни претпријатија е 97% наспроти 3%.

Како најзначајни сектори на стопанската активност се земјоделието, прехранбена индустрија, месната индустрија, металната индустрија, текстил и чевли. Во поглед на инвестициите во основните средства во Источниот регион се истакнуваат инвестициите во градежништвото и индустријата.

Инаку градежништвото бележи пораст и мерено според вредноста на градежните работи. Во 2013 биле издадени 293 одобренија за градење, а вредноста на градежните работи била 1 милијарда и 614,495 милиони денари. На следната слика прикажан е бројот на завршени станови во регионот.