Инвестирајте во источниот регион

ВОДИЧ ЗА ИНВЕСТИЦИИ ВО ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН

Социјален развој

Состојбата во поглед на покриеноста на населението со здравствено осигурување во Источниот плански регион е околу 99%. Достапноста на здравствените услуги од примарната и секундарната здравствена заштита е на просечно национално ниво, додека повисоките степени на здравствена заштита се помалку достапни. Болничката нега е организирана преку мрежа на општи болници во градските центри. Во регионот постојат 9 јавни установи за згрижување и воспитание на деца, во 29 објекти. Градинките се лоцирани во поголемите урбани средини, додека во руралниот дел има дисперзирани групи. Опфатноста на децата во детски градинки е подобра од просекот на државата. Додека опфатноста за Република Македонија е 21% од децата до 5 години старост, опфатноста во Источниот регион била 34.4%. Во рамките на регионот работат 93 основни училишта, со 7,400 ученика. Средни училишта има 13 и во нив учат 7.700 ученика.

Бројот на запишани студенти на додипломски студии во Источниот плански регион е прикажан во следната табела.

Во регионот работи еден од најголемите универзитети во државата, Универзитетот Гоце Делчев. Бројот на дипломирани студенти по години во регионот, споредено со просекот за цела Македонија е прикажан во следната табела.