Инвестирајте во источниот регион

ВОДИЧ ЗА ИНВЕСТИЦИИ ВО ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН

Патна мрежа во Источен плански регион

Постојната патна инфраструктура во Источниот плански регион се состои од 1187 километри локални патишта, 177 километри А државни патишта и 302 километри регионални патишта.

Главни патни правци кој што го поврзуваат овој регион со другите регион се државниот пат А3 (Велес - Штип - Кочани - Делчево - Граница со Бугарија) и државниот пат А4 (Свети Николе - Штип - Струмица). Патната мрежа во овој регион е релативно добро развиена, во тек е изградба на автопат на дел од државниот пат А3 Свети Николе - Штип, со што овој регион ќе се поврзе со модерна патна врска со Скопје. Истовремено се врши реконструкција и надградба на делницата Велес - Кадрифаково од државниот пат А4.