Инвестирајте во источниот регион

ВОДИЧ ЗА ИНВЕСТИЦИИ ВО ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН

Совет на Европа

Република Македонија стана членка на Советот на Европа на 9 ноември 1995 година. Република Македонија активно соработува со сите тела на Советот на Европа (Комитетот за превенција на тортура, Венецијанската комисија, ЕКРИ, Комесарот за човекови права) и интензивно ги исполнува своите обврски што произлегуваат од членството во Советот на Европа и Конвенциите на Советот на Европа кон кои има пристапено. Во рамките на 18-годишната активна соработка на Република Македонија со Советот на Европа, претставници на владините институции редовно и активно учествуваат во работата на управните, ад хок комитетите и комитетите на експерти на Советот на Европа, чии состаноци се во функција на спроведување на меѓувладината програма на активности и хармонизирање на европските политики во сите сфери, освен одбраната.