Инвестирајте во источниот регион

ВОДИЧ ЗА ИНВЕСТИЦИИ ВО ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН

Постапка за упис на Акционерско Друштво во трговскиот регистар

Акционерското друштво - е трговско друштво во кое акционерите учествуваат со влогови во основната главнина, којашто е поделена на акции. Акционерите не одговараат за обврските на акционерското друштво.
• Најмалиот номинален износ на основната главнина, кога друштвото се основа симултано, без јавен повик за запишување акции изнесува 25.000 ЕВРА во денарска противвредност, според средниот курс на Народната банка на Република Македонија, објавен на денот пред усвојувањето на статутот, односно на денот пред донесувањето на одлуката за промена на основната главнина, а кога друштвото се основа сукцесивно, преку јавен по-вик за запишување акции, тој изнесува најмалку 50.000 ЕВРА во денарска противвредност.
• Номиналниот износ на акцијата не може да биде помал од 1 ЕВРО, според средниот курс на таа валута, објавен од Народната банка на Република Македонија, ден пред усвојувањето на статутот, односно на денот пред донесувањето на одлуката за промена на основната главнина.

Основањето на друштвото се запишува во трговскиот регистар.

Опис на постапка

1. Пријавата за упис до Централниот регистар на Република Македонија ја поднесува органот на управување, односно овластен член на органот на управување, освен ако со ЗТД поинаку не е определено. Уписот во трговскиот регистар се врши во писмена форма или во електронска форма .

2. Овластеното лице е должно во рок од 15 дена од денот на стекнувањето на условите за поднесување пријава за упис во трговскиот регистар да поднесе пријава за упис. За пропустите и за штетните последици од ненавремено поднесување на пријавата, овластените лица им одговараат на основачите лично неограничено и солидарно со сиот свој имот.

3. Во трговскиот регистар се запишуваат:
• фирмата и седиштето на друштвото;
• предметот на работење на друштвото;
• износот на основната главнина и бројот на издадените акции;
• вкупниот број на уплатени акции;
• името и презимето, ЕМБГ, бројот на пасошот, односно бројот на личната карта, ако основачот е странско физичко лице или на друга исправа за утврдување на идентитетот важечка во неговата земја и неговото државјанство, како и местото на живеење, односно фирмата, седиштето, ЕМБС, ако е основач правно лице;
• името и презимето на сите членови на органот на управување, односно на надзорниот одбор и нивниот ЕМБГ, бројот на пасошот, односно бројот на личната карта за странско физичко лице или на друга исправа за утврдување на идентитетот важечка во неговата земја и неговото државјанство, како и местото на живеење, односно фирмата, седиштето и ЕМБС, ако член на овие органи е правно лице;
• времето на траење на друштвото, ако друштвото е основано на определено време и
• овластувањата за застапување на членовите на органот на управување и на други лица овластени за застапувањето на друштвото.

4. Секоја промена на податоците се запишува во трговскиот регистар.

5. Кон пријавата се приложуваar и останатите документи потребни за остварување на постапката.

6. Основачите на друштвото одговараат за веродостојноста, вистинитоста и точноста на податоците содржани во пријавата и за прилозите што со овој закон е определено дека се приложуваат кон пријавата за упис на основањето на друштвото во трговскиот регистар.
Обрасците за упис во треговскиот регистар, заинтересираните можат без надомест да подигнат од сите Регионални и Регистрациони канцеларии на Централниот регистар или да ги преземете по електронски пат .

Вкупните трошоци за целокупниот процес на регистрација се одредени со Тарифата на ЦРМ.

Преку системот за електронска регистрација во Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица можете да ги направите сите уписи на основање, промена и бришење на субјекти на упис. Целата постапка можете да ја направите преку интернет (online), без потреба од доаѓање во канцелариите на Централнот регистар. Поднесувањето на пријавите за упис во регистарот преку интернет можете да ги направите 24 часа на ден. Секоја промена на податоците, како и пристапувањето на содружник во друштвото, односно истапувањето на содружник од друштвото, се запишуваат во трговскиот регистар.
Обрасците за упис во трговскиот регистар, заинтересираните можат без надомест да подигнат од сите Регионални и Регистрациони канцеларии на Централниот регистар или да ги преземете по електронски пат .