Центар за развој на Источен плански регион (ЦРИПР) е правен субјект кој учествува во планирање на регионалниот развој, спроведување на планските документи за регионален развој и е задолжен за вршење на стручните и административно-техничките работи за Советот за развој на Источен плански регион. Центарот за развој на Источен плански регион е посветен на јакнење на меѓуопштинската соработка и промоција на развојните можности на регионот. Центарот соработува со Општините во регионот и им помага во обезбедување на стручна и техничка помош при подготовка на нивните Програми за развој, како и на здруженија на граѓани при подготовка на проекти од областа на регионалниот развој.
Негова основна задача е јакнење на капацитетите во локалната и руралната заедница, бизнис секторот, стимулирање на развојот на локално и регионално ниво, јакнење на принципот на jавно приватно партнерство и делување во насока на подигање на квалитетот на живеење. Неговите задачи се дефинирани во Член 26 од Законот за Рамномерен регионален развој на Р. Македонија („Службен Весник“ бр. 63 од 22.05.2007). Зачувувањето и развивањето на посебниот идентитет на Источниот плански регион, неговата афирмација и развој е визија и цел на Центарот за развој на Источниот плански регион.