Центарот за развој на Источен плански регион организираше четврта (последователна) сесија од програмата „Регионални форуми во заедницата“, во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, со поддршка на Министерството за локална самоуправа на РСМ и Швајцарската агенција за развој и соработка.
Четвртата форумска сесија се одржа на 29-ти декември (вторник) 2020 година.
На средбата присуствуваше Градоначалникот на општина Штип, д-р Сашко Николов, Раководителот на ЦРИПР г-ѓа Зујица Ангелова, вработени во ЦРИПР, претставници од општините како и други засегнати страни од Источен плански регион (јавни институции, приватен и граѓански сектор), и др.
На оваа форумска сесија се презентираа резултатите од спроведениот проект „Реконструкција на Ски Лифтовите на Пониква“. На сесијата се даде и информација за проектите кои не се финансирани со средства од Форумот и препораки дадени од форумот.
Регионалниот форум во заедницата е програма која има за цел вклучување на граѓаните во процесот на донесување одлуки и зголемување на транспарентноста и одговорноста на општините и регионот.