Центарот за развој на Источен плански регион во соработка со Центарот за обука на Секретаријатот за европски прашања (СЕП), при Секторот за координација на Европски фондови и друга странска помош во СЕП во рамките на твининг проект, на ден 18-ти Мај 2017 година (четврток), во хотел Изгрев во општина Штип организираа еднодневна обука на тема: „Јакнење на капацитетите за ЕУ“.
Целта на работилницата беше да се презентираат програмите за финансирање од ЕУ наменети за институциите, граѓанскиот и приватниот сектор како и да се презентираат активностите на Центарот за обука на Секретаријатот за прашања на Р.Северна Македонија.
На настанот присуствуваа претставници од: Секретаријатот за европски прашања (СЕП), Центар на извонредност, Министерство за надворешни и европски прашања на Република Хрватска како и партнери во рамките на твининг проектот, општините, лица од невладиниот сектор, МСП, претприемачи, здруженија на граѓани и фондации, занаетчии, трговци, земјоделски сектор, членови на кластери и мрежи и потенцијални странски и домашни инвеститори.
Теми на настанот беа:
- Презентација на ИПА I и ИПА II: Можности за општините и регионалните чинители,
- Презентација на обуката за ЕУ на регионално ниво: Студија на случај од Хрватска и
- Презентација на Центарот за обука на СЕП.
По завршувањето на сите излагања, се оддржаа B2G средби помеѓу заинтересираните претставници од oпштините и приватниот сектор и претставниците од Секретаријатот за европски прашања (СЕП) и Центар на извонредност, Министерство за надворешни и европски прашања на Република Хрватска.