На 12-ти октомври, 2016 година, во DROP – лабораторија при Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип во Кампус 2, се оддржа еднодневна обука во рамки на проектот „Бизнис Центар – „Клик“ поблиску до вашиот бизнис“.

Центарот за развој на Источен плански регион во рамките на овој проект изработи иновативна веб и мобилна апликација “КЛИК“, со цел да се овозможи поефикасна и поефективна комуникација меѓу Бизнис центарот при Центарот за развој на Источниот плански регион и бизнис заедницата со редовна комуникација преку интернет и мобилни апликации.Главната цел на проектот е да се зголеми конкурентноста на Источниот плански регион преку нови иновативни методи за поддршка и промоција на малите и средни претпријатија и промоција на регионот кон домашни и странски инвеститори.

За користењето на оваа апликација се направи обука на лица од Општините коишто ја познаваат оваа проблематика.

Овој проект финансиски е поддржан од Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ).

Носител на проектот е Центарот за развој на Источен плански регион. За реализација на проектот потпишан е Меморандум за соработка помеѓу Центарот за развој на Источен плански регион и Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Имлементацијата е доверена на Лабораторијата за дигитални ресурси и отворен пристап (ДРОП) на Факултетот за информатика при УГД. Како и набавка на ИТ опрема во рамки на проектот, модернизација на ДРОП лабораторијата во склоп на УГД.