Центарот за развој на Источен плански регион на ден 13 Декември, 2017 година (среда) во Хотел “ИЗГРЕВ” во општина Штип организираше еднодневна работилница на тема: „Јакнење на капацитетите и значењето на регионалниот развој – воспоставување на кординација помеѓу ЛЕР одделенијата во општините од Источниот плански регион и ЦРИПР“.
Целта на работилницата беше присутните да имаат можност да се запознаат со значењето на регионалниот развој, работата и функционирањето на Центарот за развој на Источен плански регион, изработените анализи, студии и технички документации значајни за регионот, како и со отворените можности и извори за финансирање на регионални проекти.
На настанот присуствуваа претставници од: Лер одделенијата од општините од Источен плански регион, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Регионалната комора на занаетчии, Креатива – Кластерот за креативна индустрија и Центарот за развој на Источен плански регион.
Презентација на:
- Законот за рамномерен регионален развој на Р.М.;
- Стратегија за рамномерен регионален развој на Р.М.;
- Работата и функционирањето на ЦРИПР;
- Стратешките документи со регионално значење;
- Изработените анализи и студии значајни за регионалниот развој и Источниот плански регион;
- Изработени технички документација од страна на ЦРИПР за Источниот плански регион;
- Програмата за рамномерен регионален развој на Р.М;
- ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу МК-БГ 2014-2020;
- Програма за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој;
- Програма за развој на Источен плански регион 2015-2019;
По завршувањето на сите излагања, се оддржаа B2G средби помеѓу заинтересираните претставници од Лер одделенијата од општините од Источен плански регион, Регионалната комора на занаетчии, Креатива – Кластерот за креативна индустрија и претставниците од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Центарот за развој на Источен плански регион.