На 30-ти април, 2015 година, во голема сала на Општина Штип, се оддржа првиот советодавен настан со приватниот сектор од Источен плански регион како дел од активностите во рамките на проектот „Формирање на бизнис центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион”.
Настанот го отвори Г-ѓа Драгица Здравева, Директор на Центарот за Развој на Источен плански регион.

Теми на настанот беа:

  • Презентирање на законските и подзаконските акти за канцелариското и архивското работење – претставник од Државниот архив на Република Македонија;
  • Дефинирање на основните поими во канцелариското и во архивското работење;
  • Споредба помеѓу јавен и приватен архивски материјал;
  • Основни техники во канцелариското работење: како се води основната книга за евиденција – деловодник, како се водат помошните книги за евиденција;
  • Основни техники на архивското работење: архивирање, средување и обработка на документите;
  • Инспекциски надзор врз работењето на имателите на архивски и документарен материјал;
  • Презентација на решенија за користење на новите технологии во водењето на деловодникот.

По завршувањето на сите излагања, се оддржаа B2G средби помеѓу заинтересираните претставници од приватниот сектор и претставниците од Државен архив на Република Македонија.
Проектот се спроведува со техничка и финансиска поддршка на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP).