Источниот плански регион е економски релативно добро развиен, гледано во однос на другите плански региони во Р. Македонија. Учеството на Источниот плански регион во Бруто домашниот производ на Република Македонија е на ниво од 8.1%.
Мерено по жител, Источниот плански регион во 2012 година имал бруто домашен производ по жител од 204.748 денари.
Всушност за целиот претходен период, карактеристичен е забрзан тренд на економската активност во регионот и постепеното приближување на бруто домашниот производ во регионот до просекот на Република Македонија, што е поволен резултат и укажува на ревитализација и модернизација на стопанството.
Гледано во целина, Источниот плански регион се развива релативно брзо, што и соодветно е одразено на степенот на неговата развиеност. Источниот плански регион денес има развоен индекс 0,67, економско социјален индекс 0,95 и демографски индекс со 0,50.
(Извор: Одлука за класификација на планските региони според степенот на развиеност за периодот 2008-2012, Службен весник бр.162/2008)