Република Македонија стана полноправна членка на Меѓународната организација на Франкофонијата на 28 септември 2006 година. Членството на Република Македонија во Франкофонијата се заснова, пред сè, врз прифаќањето на темелните принципи и вредности на оваа Организација што соодветствуваат и со европските определби: залагање за мир во светот, демократија, човекови права, рамномерен и одржлив развој, образование, обука, наука и истражување, млади и спорт, нови информатички технологии, афирмација и заштита на културната и јазичната разновидност и солидарност.