Регистрацијата на трговски друштва во Република Македонија ја регулира Законот за Трговски Друштва кој е во функција од 2004 година, а Централниот Регистар на Македонија е овластената институција за регистрирање на компаниите. Овој закон е примарниот закон за регулирање на деловната активност во Македонија. Ги дефинира видовите на компании, процедурите и регулативите за нивно основање и започнување со работа. Сите странски инвеститори ги добиваат истите права и привилегии како и Македонските државјани, така да странските инвеститори имаат право да основаат и да вршат активности во некој од дефинираните типови компании според Македонското Законодавство. Странските инвеститори немаат обврска да се стекнат со некоја специјална дозвола од државните институции, освен оние дозволи кои се бараат со самиот закон.
Според Законот за Трговски Друштва, компаниите се формираат како посебни правни лица кои функционираат независно од нивните основачи, акционери и менаџери. Зависно од видот на трговското друштво, компаниите имаат сопствени права, обврски, назив и регистрирани седишта. Законот прави дистинкција помеѓу 5 видови на компании:

  • Јавно трговско друштво (ЈТД)
  • Командитно друштво (КД)
  • Друштво со ограниччена одговорност (ДОО/ДООЕЛ)
  • Акционерско Друштво (АД)
  • Командитно Друштво со Акции (КДА)

Република Македонија има воведено едношалтерски систем кој им овозможува на инвеситорите да ги регистрираат своите компании во период 4 часа по поднесување на апликацијата (во пракса процесот може да потрае и до 1-2 работни дена). Инвеститорот може да регистрира компанија со едноставно одење до еден од шалтерите, собирање на сите потребни информации од истиот со обраќање на само еден вработен во институцијата. Ова значително ги намалува административните бариери и почетните трошоци.