Република Македонија се наоѓа во југоисточниот дел на Европа, завземајќи го централниот дел на Балканскиот полуостров. Таа е значајна крстосница – ја поврзува Европа со Азија, Мала Азија и Африка.

Република Македонија е земја со нагласена европска ориентација, кандидат за членство во ЕУ, реформски ориентирана. Од своето осамостојување во 1991 година, Република Македонија има остварен значителен напредок од аспект на либерализација на економијата и подобрување на бизнис-климата. Во споредба со останатите земји од Балканот, привлекувањето на странски инвестиции е приоритет и предизвик на Македонија. Значителниот бројот на млади образовани лица и малиот број на слободни работни места ја прави Македонија погодна за брзо започнување со работа на новоосновани бизниси.
Македонската економија е тесно поврзана со Европа како клиент за извоз и извор на инвестиции. Македонија одржува макроекономската стабилност и покрај глобалната финансиска криза преку спроведување разумна монетарна политика, која ја задржува домашната валута фиксирана во однос на еврото и преку ограничување на буџетскиот дефицит. Владата континуирано ја олеснува фискалната политика. И покрај тоа што буџетскиот дефицит се прошири на 4,2% од БДП во 2013 година, Македонија постигна скромен раст на БДП во 2013 година по малиот пад во 2012 година. Инфлацијата во државата е под контрола. (извор: http://www.forbes.com/places/macedonia/)


(заклучно со декември 2014)