Управата за јавни приходи (www.ujp.gov.mk) оперативно ја спроведува даночната политика и врши наплата на даноци и други јавни давачки, им дава помош на даночните обврзници за исполнување на нивните даночни обврски, го следи и анализира функционирањето на даночниот систем и дава предлози за негово унапредување, соработува со даночни органи од други држави и дава меѓународна правна помош во даночни предмети. УЈП примарно е задолжена за управување (наплата) на:

– Персоналниот данок
– Данокот на добивка
– Данокот на додадена вредност
– Социјалните придонеси од задолжителното социјално осигурување
– Парични казни, односно глоби и трошоци изречени во парнични, прекршочни, кривични и управни постапки во корист на Р. Македонија
– Радиодифузна такса и на сите други јавни давачки за кои надлежноста се утврдува со закон или врз основа на склучен договор.