#ФИТР објави јавен повик за ко-финансирани грантови во 2021 година, 6 милиони евра за микро, мали и средни компании за технолошки развој за забрзан економски раст.

За таа цел Центарот за развој на Источен плански регион преку Бизнис Центарот во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој а со поддршка на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка, ќе организира инфо сесија за потенцијалните апликанти од Источниот регион и ќе обезбеди менторска поддршка за изготвување на проектите.

Инфо сесија “За брз економски раст”
Источен регион – 03.03.2021 (Среда) – 11:00-12:00 часот

https://us02web.zoom.us/j/85406052233
Meeting ID: 854 0605 2233
Passcode: 502487

Менторска поддршка
Линк за аплицирање за менторска поддршка:
Апликација за менторска поддршка во рамките на ваучерска шема обезбедена преку Бизнис центарот од Источен плански регион (google.com)

Со пополнување на апликацијата компанијата има можност за добивање на бесплатна менторска поддршка при аплицирање на јавниот повик на #ФИТР.

Бидејќи средствата за менторска поддршка се ограничени, редоследот на компаниите корисници на менторската поддршка ќе се определуваат по принципот прв пријавен прв услужен.