Центарот за развој на Источен плански регион во соработка со Министерството за финансии – Проектот за подобрување на општинските услуги (MSIP) и Светска банка организираат информативен настан на тема: „Јавни набавки согласно правилата и процедурите на Светска банка“. Информативниот настан се оддржа на 02-ри ноември, 2016 година, во Хотел „Изгрев” – Штип.

Целта на овој Информативниот настан е подетално запознавање на стопанскиот сектор во Република Северна Македонија со правилата и процедурите за набавки на Светска банка, нивната примена при набавката на добра и градежни работи како и специфичните искуства од досегашното спроведувањето на јавните набавки кај проектите финансирани од Проектот за подобрување на општинските услуги.

Настанот со поздравна порака го отвори Г-ѓа Драгица Здравева, Директор на Центарот за Развој на Источен плански регион.

Теми на настанот беа:
– Правилата и процедури за набавки на Светска банка;
– Јавни набавки и одговорности;
– Подготовка на понуди и најчести причини за нивно одбивање;
– Oпшти пост-квалификациски критериуми за градежни работи и добра, процедура на жалба и слично.

Процедурите кои беа презентирани на настанот се однесуваа на сите набавки на стоки, градежни работи и услуги (вклучувајќи и консултантски услуги) кои се делумно или целосно финансирани со средства на Светска банка.

По завршувањето на излагањата, се оддржаа B2G средби помеѓу заинтересираните претставници од приватниот сектор и општините со претставникот од Светска банка, во врска со Јавните набавки согласно правилата и процедурите на Светска Банка.

Настанот е организиран со финансиска поддршка на Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија во соработка со Центарот за развој на Источен плански регион.