На 24-ти јуни, 2016 година, во Хотел „Изгрев”- Штип, се оддржа информативен настан со приватниот сектор од Источен плански регион и останатите заинтерсесирани чинители на тема: „Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап, спин-оф за потенцијални апликанти“.
Организирањето на ваков тип на настани е значаен чекор во поддршка на приватниот сектор т.е малите и средни претпријатија, трговци / економски оператори во регионот, занаетчии, потенцијални заинтересирани странски и домашни инвеститори и др.

Главна цел на настанот е зголемување на конкурентноста на планскиот регион преку поддршка на малите и средните претпријатија и на претприемништвото, што воедно е нотирано како стратешки приоритет во Програмата за развој на Источен плански регион:

– Среднорочна цел 1.
(Економски развиен регион, пошироко препознаен како атрактивен за инвестирање);

– Приоритет 1.2.
(Развој на претприемништвото и на малиот бизнис во регионот);

– Мерка 1.2.2.
(Поддршка на бизниси од висока технологија и креативни индустрии);

– Мерка 1.2.3.
(Подигање на капацитетот на бизнисите за пристап до развиените фондови);

На настанот присуствуваа претставници од: МСП, претприемачи, здруженија на граѓани и фондации, невработени лица, занаетчии, трговци, членови на кластери и мрежи и потенцијални странски и домашни инвеститори. Настанот беше организиран во соработка со Стопанска комора на Македонија и Фондот за иновации. Настанот со поздравна порака го отвори Г-ѓа Драгица Здравева, Директор на Центарот за Развој на Источен плански регион.

Теми на настанот беа:

– Презентација на Фондот и инструментите;
– Правила и процедури за финансирање под инструментот;
– Краток вовед во Апликациски пакет;
– Подготовка на предлог проекти, како информации за софтвер, апликациски формулар, бизнис план, буџет на проектот и придружна документација.

По завршувањето на сите излагања, се оддржаа B2G средби помеѓу заинтересираните претставници од приватниот сектор и претставниците од Стопанска комора на Македонија и Фонф за иновации.
Настанот имаше интерактивен карактер од коj се согледа заинтересираноста на бизнис заедницата од ваков тип на информативни настани од различни области.