На ден 18.07.2022 година се одржа информативен настан во Клубот на пратеници во Скопје, во организација на Амбасадата Република Словенија и Секретаријатот за европски прашања на Република С. Македонија, во врска со објавениот повик за проектни предлози во рамки на билатералната развојна соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Словенија. На настанот презентација имаа Директорката на Центарот за меѓународна соработка и развој на Република Словенија Г-ѓа Мојца Копша, Раководителот на Сектор за развојна и хуманитарна помош при Министерството за надворешни работи на Република Словенија, Г-дин Роберт Кокаљ и воведно обраќање имаше Г-ѓа Дрита Абдиу Халили, Државна секретарка при Секретаријатот за европски прашања. Република Северна Македонија и Република Словенија имаат успешна билатерална развојна соработка, во рамки на која се спроведени бројни активности на техничка соработка, поврзана со подршка на евроинтегративниот процес, како и значајни инфраструктурни проекти насочени кон унапредување и подршка на социо-економскиот живот. Ваквата соработка продолжува и во идниот период со можност за подршка и кофинансирање на проекти во Северна Македонија кои ќе придонесат кон нашите развојни цели. Воедно, на состанокот беше Потпишан договор меѓу општина Охрид и ЦМРС за словенечко кофинансирање на реновирањето на филтер станицата Охрид.