• ЈАВЕН ПОВИК за финансиска поддршка на aктивен туризам

Министерството за економија врз основа на Програмата за развој на туризмот во 2021 година објави јавен повик за субвенционирање на трошоци за опрема и алати кои ќе помогнат во подобрување на овој вид на туризам за што Министерството за економија ќе надомести 50% од трошоците за оваа намена, но не повеќе од 150.000 денари и тоа за следните намени:

-набавка на опрема и алатки

-уредување/подобрување на деловен простор.

Право на учество имаат сите заинтересирани субјекти, правни лица, владини и невладини организации од областа на туристичкото стопанство и вршат дејност во областа на туризмот.

Повеќе информации на следниот линк: https://economy.gov.mk/doc/2902

 

  • ЈАВЕН ОГЛАС за финансиска поддршка  на здруженија и фондации

Владата преку Генерален секретаријат распишува Оглас за финансиска поддршка на здруженија и фондации, во вкупен износ од 20.000.000 денари, кои ќе се користат за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации преку грантови  од 600.000 до 900.000 денари, во седум приоритетни области. Рокот за поднесување на пријавите со потребната документација е најдоцна до  17 март 2021 година.

Повеќе информации на следниот линк https://www.nvosorabotka.gov.mk/?q=mk/node/479

 

  • КОНКУРС за учество за финансирање на проекти во програмата Креативна Европа

Министерството за култура во 2021 година ќе учествува во финансирањето на проектите на правни лица кои се вклучени како проектни партнери (во својство на носители или коорганизатори) и кои се поддржани од програмата „Креативна Европа (2014 – 2020) – потпрограма Култура“ на Европската Унија, за категориите:

-Проекти за соработка од поголем и помал обем;

-Проекти за литературни преводи;

-Проекти за поддршка на Европските платформи.

Проектите треба да се поддржани од програмата „Креативна Европа (2014 – 2020) – потпрограма Култура“ на Европската Унија и да се одобрени од Извршната агенција за образование, аудиовизуелна дејност и култура. Конкурсот е отворен од денот на неговото објавување заклучно со 15.11.2021 година.

Повеќе информации на следниот линк http://kultura.gov.mk/konkurs-za-ucestvo-vo-fifnansiranje-proekti-na-pravni-lica-od-republika-severna-makedonija-koi-se-poddrzani-od-programata-kreativna-evropa-2014-2020-potprograma-kultura-na-evropskata-unija-za-2021/