Во општината деловни објекти можат да се позиционираат во следниве локации:
1. Објектот на поранешната фабрика
2. Објектот на поранешната „Караула“ во Пехчево
3. Објектот на поранешната конфекција „Комуна“ – Пехчево
4. Домови на културата во сите села во општина Пехчево
Објектот на поранешната фабрика за производство на плочки во Пехчево која во моментот се наоѓа во приватна сопственост и е со вкупна површина од 14.000м2;
Објектот на поранешната „Караула“ во Пехчево која се наоѓа на Ченгино Кале. Овој објект е во општинска сопственост – целината е сочинета од три објекти: едниот со површина од 37м2, другиот со површина од 158м2, а третиот со површина од 141м2 и земјиште со површина околу 30.517м2;
Објектот на поранешната конфекција „Комуна“ – Пехчево со површина од 2.000м2, кој е во приватна сопственост;
Домови на културата во сите села во општина Пехчево кои се наоѓаат во општинска сопственост со површина од околу 200-300м2 секој и кои можат да бидат потенцијални мали фабрики за развој на текстилната индустрија.
Индустриска зона Чуката – „Подуово“
Локации: