Во изминатиот период регионалниот Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион спроведе серија на активности сѐ со цел поддршка на бизнис секторот во регионот во насока на поттикнување на економскиот раст и развој во регионот. Како дел од активностите на Бизнис Центарот се спроведоа серија информативни и советодавни настани за приватниот сектор, и беа изготвени:

– Водич за инвестиции во Источен плански регион со збирка и мапа на индустриски зони;
– Програма за развој и поддршка на бизнис секторот во Источен плански регион (2015 – 2020) со Акциски план (2015 – 2016);
– Комуникациски план за спроведување на Програмата за развој и поддршка на бизнис секторот во Источен плански регион (2015 – 2020);
– Девет информативни и советодавни настани на теми релевантни за бизнис заедницата;
– Интерактивен веб портал за инвестиции: www.investineastregion.mk.
– Школа за иновации и претприемништво во која учество зедоа повеќе од 50 млади лица од Источниот плански регион.

Со цел информирање на пошироката јавност за проектните резултати и имплементираните активности во рамките на проектот „Формирање на Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион“ на 20 Мај 2016 година, во хотел Изгрев, Штип се одржа завршен настан на кој присуствуваа 50 (пеесет) претставници од бизнис заедница, општините, невладиниот сектор, агенции, претставници од Министерството за Локална самоуправа, Бирото за регионален развој и УНДП, како и повеке медиуми.

Настанот го отвори Раководителот на Центарот за развој на Источен плански регион, Г-ѓа Драгица Здравева, која зборуваше за значењето на воспоставениот регионален Бизнис Центар, и имплементираните активности. На завршниот настан беа претставени и остварените резултати во рамки на овој проект, односно беа претставени изготвените: Водич за инвестиции во Источен плански регион со збирка и мапа на индустриски зони, Програма за развој и поддршка на бизнис секторот во Источен плански регион (2015 – 2020) со Акциски план (2015 – 2016), Комуникациски план за спроведување на Програмата за развој и поддршка на бизнис секторот во Источен плански регион (2015 – 2020), како и Интерактивниот веб портал за инвестиции: www.investineastregion.mk.

Настанот опфати и доделување на Сертификати за учество на учесниците на Школата за иновации и претприемништво која беше одржана во општините Делчево и Кочани во периодот Март – Април 2016 година.

Овој завршен настан се организираше во рамките на проектот „Формирање на Бизнис центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион“ кој што е технички и финансиски помогнат од страна на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP).