делчево delcevo
opstina delcevo општина делчево

На 164 км источно од Скопје, во подножјето на планината Голак, распослан на двата брега на реката Брегалница лежи градот Делчево. Тоа е најголемо населено место во областа Пијанец, која се протега на површина од 585 км2, сместена помеѓу Осоговските планини на север и Малешевските на југ. Општина Делчево се наоѓа во најисточнот дел од државата и претставува крстосница за источна Македонија. Доминантно место во стопанскиот развој на општината има индустријата, по што следат земјоделството и градежништвото, со нагласено учество на терцијарниот сектор: трговија, угостителство и мало стопанство. Локалната самоуправа е главниот носител на економскиот развој на општината посочувајќи ги економските потреби заради побрз стопански развој, привлекување на нови и зачувување на постојаните бизниси.

Во општината успешно работат АД Палтекс (www.paltex.mk), Алпинком (www.alpinkom.mk) и полската гринфилд инвестиција Арлем.

На заинтересираните инвеститори, домашни и странски, Општината ја става на располагање Индустриско развојна зона Делчево лоцирана во близина на град Делчево, лево од патот кон селото Габрово, Блатиште, КО Делчево, општина Делчево. Зоната се протега на површина од вкупно 20,8 ha.



1. Технолошка индустриска развојна зона „Делчево“ КО Делчево

– Слободни локации

2. Индустриска зона – Долни Бавчи

– Слободни локации