македонска каменица makedonska kamenica
opstina makedonska kamenica општина македонска каменица

Општината Македонска Каменица се наоѓа во североисточниот дел на Република Северна Македонија во подножјето на Осоговскиот масив. Општина Македонска Каменица има стратешка географска положба и одлични транспортни пристапни можности. Низ неа поминува магистралниот пат А3, кој ги поврзува централните со источните делови на Републиката. Во текот на 2015 година треба да започне изградбата на нов регионален пат помеѓу Македонска Каменица и Крива Паланка, со што ќе дојде до поврзување на источните со североисточните делови на Републиката. Општина Македонска Каменица располага со ефикасна локална администрација и нуди најниски локални даноци во регионот. Во неа живее млад, образован и прилагодлив работен кадар.

Општината располага со две индустриски зони кои има се достапни на инвеститорите од областа на лесната и незагадувачката индустрија, сервисите и стовариштата:

01. Индустриска зона за лесна и незагадувачка индустрија, стоваришта и сервиси
Локација: Каменички рид
Урбанистички парцели: 47

02. Индустриска зона за лесна индустрија и сервиси
Локација: Цинкара (во близина на бензинска пумпа Макпетрол)
Урбанистички парцели: 7

Во рамки на општината е вештачката акумулација “Калиманци” чиј рибен фонд може да се користи за комерцијални цели. Дополнително, Општината располага и со неискористен хидро – енергетски потенцијал кој може да се искористи за производство на електрична енергија.

 

Рудник за олово и цинк “САСА” (www.sasa.com.mk), ХЕЦ Калиманци и Гаматроникс се примери за успешни постоечки ,,brownfield” инвестиции во општината.

– Слободни локации