Општина Пробиштип е типично индустриски град кој настанал како резултат на потребите на индустријата и функционира за потребите на индустријата. Познат е како рударски град поради неговата близина со рудникот за олово и цинк Злетово. Покрај рударството во градот постои и индустриски капацитет за производство на батерии и акумулатори. Општината располага со квалификувана работна сила, токму за потребите на постоечката индустријата. Општина Пробиштип е значаен индустриски, општествен, образовен, културен и административен центар. Сместен е во познатата Кратовско-Злетовска област на површина од 325,57км2 и има густина на населеност од 47 жители/km2. Административниот центар – Градот Пробиштип е поврзан со сите 37 населени места во општината со локални патишта од кои 90% се асфалтирани.
Фабриката за акумулатори ТАБ-МАК претставува успешна приказна на ,,brownfield” инвестиција во општина Пробиштип. Фабриката функционира во просториите на некогашната фабрика за акумулатори ,,Злетово”. Претставува еден од најзначајните вработувачки капацитети во градот, кој вработува повеќе од 270 лица. Фабриката е дел од маѓународното акционерско друштво ТАБ а.д. со седиште во Межице, Словенија. Долгогодишни успешна приказна е и компанијата „РОЈАЛ Васе“ за изградба и реконструкција на објекти од високоградба (www.rojalvase.com.mk).
Во рамки на општината постојат 2 индустриски зони во кои општината има изградено комплетна инфраструктура. Општината има донесено детални урбанистички планови за следниве локации кои се наменети за индустриски објекти и тоа:
Урбан Блок (УБ) 2.1. со површина од 10,45 хектари, со вкупно 20 парцели од кои слободни се уште 10 парцели за продажба. Цената на парцелите за електронскот јавно наддавање е 1 ЕУР/ м2. Намена на парцелите е Г1 тешка и загадувачка индустрија и Г2 лесна и незагадувачка индустрија, со цена од 1 евро м2;
Урбан Блок (УБ) 12.1 со површина од 18,8 хектари со предвидени вкупно 45 парцели, од кои 6 се слободни со намена Г2 – лесна и незагадувачка идустрија и Г3 – сервиси. Цената на парцелите е 61.50 ден/м2 (1,00 ЕУР/м2).
Во постапка на донесување е детален урбанистички план за урбан блок (УБ) 7.5 со површина од 6,45 хектари. Цената на парцелите на електронското јавно наддавање ќе биде 61.50 ден/м2. Намената на локациите ќе биде за производство, дистрибуција и сервиси. Локацијата за инвестирање ќе биде целосно инфраструктурно решена.
1. Урбан Блок (УБ) 2.1.
2. Урбан Блок (УБ) 12.1
3. Индустриски комплекс Неокази