општина штип opstina stip

Штип е познат индустриски центар препознатлив по развиената текстилна индустрија, чевларска, прехрамбена и преработувачка индустрија. Споредено со европските градови, Штип е еден од водечките, според бројот на вработени во текстилството. Општината е опкружена со вкупна аграрна површина од 31.757 ha, од кои 9.906 ha се обработливи површини. Карактеристика и благодет на земјоделството во Штип е тоа што во овој дел на Овчеполието протекуваат водите на ХС Брегалница и поголем дел од земјоделските површини се опфатени со системот за наводнување. Градот лежи на термоминерални води чии што извори Кежовица и Л’џи се ставени во функција на човековото здравје преку уредена бања со базени, како и центар за рехабилитација. Хемиската анализа потврдува дека температурата на водата е константно 58 степени целзиусови, а истата изобилува со мноштво на минерали што поволно влијаат врз човековото здравје. Огромен е потенцијалот за развој на здравствен и бањски туризам. Во општината е сместено и седиштето на Државниот Универзитет „Гоце Делчев“ кој брои 12 Факултети и 3 академии.

Познати домашни компании со седиште во Општина Штип се: ”Актива” (www.aktiva.com.mk), МК „Линеа“ (www.linea.com.mk), МК „Астибо“ (www.astibo.mk), Баргала АД (www.bargala.mk), Брилијант (www.brilliant.com.mk), МК Милано (www.modena.com.mk). Успешен пример за Brownfield Инвестиција во Општина Штип е американски „Џонсон Контролс“ (www.johnsoncontrols.com), германски „Техникал Текстајлс“ (www.tech-tex.sk) и италијански „Кондево“ (www.condevo.com).

1. Индустриската зона „Запад“
Индустриската зона „Запад“ – се протега западно од магистралниот пат Скопје-Штип, има урбанизирано 15 парцели со вкупна површина од 30,7 ha. Од нив, недоделени се три парцели со вкупна површина од 8,500 м2 со вкупна корисна површина од 3,300 м2.

2. Индустриска зона „Север”
Индустриска зона „Север” се наоѓа на магистралниот пат М-5 на одалеченост од 3 километри од централното градско подрачје. Индустриската зона Север располага со 15 уредени градежни парцели целосно покриени со електроенергетско напојување, патна, водоводна и канализациона инфраструктура. Дел од овие градежни парцели се со изградени капацитети, дел се во фаза на изградба и три локации наменети за изградба на деловно стопански објекти се слободни.

Урбанизирани парцели со градежно земјиште има на следниве локации во општината:
– Населба Баби Работна зона
– Индустриска зона Каленица
– Дел од Индустриска зона Стококооп
– Работна Зона Балканска
– Индустриска зона Пребег
– Комерцијална зона Баби
– Поранешна ПИ Македонка

3. Работна зона „Балканска”
Работната зона „Балканска“ се наоѓа на одалеченост од околу 3 километри од централното градско подрачје со директна врска со Магистралниот пат М-5. Во работна зона „Балканска” егзистираат неколку поголеми индустриски капацитети, стоваришта, складишта, шпедиции и царински терминал. Согласно деталниот урбанистички план (ДУП) се дефинирани четири слободни локации. Електроенергетско напојување, патната, водоводната и канализационата инфраструктура се пристапни на околу 50 метри од локациите.

5. Населба „Баби”
Населбата Баби се наоѓа на одалеченост од околу 5 км од централното градско подрачје, на Регионалниот пат Р-601. Согласно ДУП, дефинирани се четири слободни локации. Електроенергетско напојување, патна, водоводна и канализациона инфраструктура се пристапни на околу 50 метри од локациите.

6. Индустриски комплекс „Македонка“
Овој индустриски комплекс е на оддалеченост од 5 километри од центарот на Општина Штип. Директно е поврзан со магистралниот пат М-5, до комплексот има издвоен крак на Железничка пруга Штип-Кочани. Согласно деталниот урбанистички план, во овој индустриски комплекс се предвидени 14 слободни локации. Комплексот има комплетна инфраструктура. Земјиштето е во државна сопственост, а изградбата може да започне веднаш.

7. ТИРЗ Штип е со вкупна површина од 208 хектари се наоѓа северо-западно од градот Штип, на влезот од градот од правец на Скопје. ТИРЗ Штип има патна поврзаност со Скопје и Кочани преку магистралниот пат М5, а се најавува дека ќе биде поврзана и со планираниот карго аеродром во Штип преку магистралниот пат М6. На 2,5 километри се наоѓа железничката станица, а најблискиот меѓународен аеродром е Александар Велики во Скопје на 75 километри, додека Солунското пристаниште е оддалечено 225 км.


Мапа на ТИРЗ Штип


ТИРЗ-Виница

виница vinica

Пехчево

пехчево pehcevo

Во општината деловни објекти можат да се позиционираат во следниве локации:
1. Објектот на поранешната фабрика
2. Објектот на поранешната „Караула“ во Пехчево
3. Објектот на поранешната конфекција „Комуна“ – Пехчево
4. Домови на културата во сите села во општина Пехчево

Објектот на поранешната фабрика за производство на плочки во Пехчево која во моментот се наоѓа во приватна сопственост и е со вкупна површина од 14.000м2;

Објектот на поранешната „Караула“ во Пехчево која се наоѓа на Ченгино Кале. Овој објект е во општинска сопственост – целината е сочинета од три објекти: едниот со површина од 37м2, другиот со површина од 158м2, а третиот со површина од 141м2 и земјиште со површина околу 30.517м2;

Објектот на поранешната конфекција „Комуна“ – Пехчево со површина од 2.000м2, кој е во приватна сопственост;

Домови на културата во сите села во општина Пехчево кои се наоѓаат во општинска сопственост со површина од околу 200-300м2 секој и кои можат да бидат потенцијални мали фабрики за развој на текстилната индустрија.


Индустриска зона Чуката – „Подуово“

Локации: