виница vinica
општина виница opstina vinica

Виница се наоѓа во подножјето на планината Плачковица, помеѓу планините Голак и Обозна, во југоисточниот дел на Кочанско-виничката котлина, на северниот брег на реката Брегалница. Градот е познат како производител на текстил и трикотажа, а во поново време и развојот на дрвната индустрија оди во нагорна линија. Неколку локални извозно ориентирани фирми имаат погони за производство на мебел и пилани кои произведуваат граѓа. Во општина Виница постојат одлични природни и агротехнички услови за развој на земјоделие. Почвата е плодна, од алувијално потекло, а најголем дел од селскиот атар е обработлива површина. Поволната сообраќајна местоположба, квалитетот и структурата на економските капацитети, реалниот потенцијал за индустриски прогрес, високостручната и квалификувана работна сила се објективни индикатори и компоненти кои упатуваат на развојните стратегии на општината. Виница е богата со природни, историски и археолошки локалитети. Белег на градот му дава спортско рекреативниот комплекс, составен од спортската сала, градскиот стадион, современиот градски парк и олимпискиот базен.
Во поглед на локалниот економски потенцијал и расположивите стопански капацитети, Општина Виница се вбројува во категорија општини во развој. Индустрискиот раст се интензивираше во последните 10 години како резултат на домашни и странски инвестиции. Во општината се лоцирани повеќе производствени капацитеит од различна природа.

Како поголеми капацитети се издвојуваат: фабрика за призводство на земјоделска механизација „Агро Бар“, фабрика за покривен цреп „Тондах“ (www.tondach.com.mk), „Виничанка“, „Макпрогрес“ (www.makprogres.com.mk) и „Мебел-Ви“ (www.mebel-vi.com.mk).

Општина Виница ви става на располагање две индустриски зони и девет слободни локации за инвестирање:
1. ТИРЗ-ВИНИЦА, вкупно површина од 21,04ha со намена: Г2, Г3, Г4 – лесна и незагадувачка индустрија, сервиси, стоваришта:
Локации:
2.1 П=18.383 м2;
2.2 П=15.603 м2;
2.3 П=21.144 м2;
2.4 П=18.342 м2;
2.5 П=15.332 м2;
2.6 П=19.416 м2;
2.7 П=21.115 м2.


2. Блок „4“ во Виница, со намена: Е2-комунална супраструктура
Локации:
1.51 П=8.749 м2;
1.52 П=8.542 м2.

1. Технолошка индустриска развојна зона „ВИНИЦА“

– Слободни локации


2. Блок „4“

– Слободни локации