локација: Делчево, хотел „Македонија“
датум: 14 – 18 март, 2016

Центарот за развој на Источен плански регион преку проектот „Формирање на Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион“ воспостави Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион. Проектот се спроведува со техничка и финансиска поддршка на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP).

Воспоставениот Бизнис Центар има за цел зголемување на конкурентноста на регионот преку поддршка на малите и средните претпријатија и претприемништвото, што воедно е нотирано како стратешки приоритет во Програмата за развој на Источниот плански регион (2015-2019). Во таа насока е и имплементацијата на 2 петдневни Школи за иновации и претприемништво за 50 учесници – жители на Источниот плански регион, кои ќе бидат имплементирани од страна на Центарот за развој на Источен плански регион и Гешталт Солушнс д.о.о., Штип.

ЗА ШКОЛАТА ЗА ИНОВАЦИИ И ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Бизнис Центарот за поддршка и консултативни услуги за МСП во ИПР при Центар за развој на Источен плански регион и Гешталт Солушнс д.о.о., Штип организираат Школа за иновации и претприемништво.

Школата за иновации и претприемништво има за цел да ги охрабри и зацврсти претприемничките мисли и дела на жителите на Источниот плански регион.
Школата ја водат успешни претприемачи од Гешталт Солушнс и тоа:

  • Проект менаџер со меѓународен сертификат за проектен менаџмент (PMP, CMC),
  • Ментор со национално и меѓународно искуство во поддршка на старт-апи,
  • Експерти и консултанти за иновации, проектен менаџмент и маркетинг, развој на мрежи, менторска поддршка и истражување за финансирање на проекти
  • Успешни претставници од бизнис секторот.

 

ТЕМИ НА ШКОЛАТА ЗА ИНОВАЦИИ И ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Школата ги опфаќа следните теми:

  • Концепт на претприемништво, лични вештини и алатки за планирање на бизнисот
  • Оценка на окружување и области за иновации
  • Алатки и вештини за мобилизирање на средства од расположивите програми.

 

СЕРТИФИКАТ

Редовните учесниците добиваат Сертификат за успешно завршена Школа за иновации и претприемништво.

 

ВРЕМЕ И МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ

Првата Школа ќе се оддржи во периодот 14-18 март, 2016 година во Делчево.
Трошоците за работните материјали, транспорт за учесниците на Школата и сместување за учесниците со 4 (четири) полни пансиони е обезбедено од страна на Бизнис Центарот за поддршка и консултативни услуги за МСП во ИПР.

 

КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВИ И КАКО?

Во Школата можат да учествуваат лица на возраст меѓу 18 и 35 години, жители на Штип, Карбинци, Кочани, Зрновци, Македонска Каменица, Виница, Делчево, Берово, Пехчево, Чешиново-Облешево и Пробиштип.

За да учествуваат во Школата потребно е да испратат:

Биографија (CV) и Пропратно/Мотивационо писмо зошто сакаат да учествуваат на Школата и опис на производ/услуга/бизнис на која ќе работат на Школата и / или
Видео презентација за себе и производ/услуга/бизнис на која ќе работат на Школата. Видео презентацијата треба ги содржи следниве информации:

  • име и презиме
  • образование
  • познавање на странски јазици и работа на компјутери
  • производ/услуга/бизнис на која ќе работи на Школата.

на bc.ipr@eastregion.mk, contact@gestaltsolutions.com.mk
најдоцна до 10 март 2016, четврток до 14.00 часот.

Повеќе информации за Школата ќе добиете на горенаведените мејл адреси и на тел. 078 / 392 252.

Повикот достапен во PDF документ тука. | ppt формат.

 

Школата за иновации и претприемништво се организира во рамки на проектот „Формирање на Бизнис центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион“ кој што е технички и финансиски помогнат од страна на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP).