локација: Кочани, хотел „Але-Дар“
датум: 30 март – 03 април, 2016
Центарот за развој на Источен плански регион преку проектот „Формирање на Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион“ воспостави Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион. Проектот се спроведува со техничка и финансиска поддршка на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP).
Воспоставениот Бизнис Центар има за цел зголемување на конкурентноста на регионот преку поддршка на малите и средните претпријатија и претприемништвото, што воедно е нотирано како стратешки приоритет во Програмата за развој на Источниот плански регион (2015-2019). Во таа насока е и имплементацијата на 2 петдневни Школи за иновации и претприемништво за 50 учесници – жители на Источниот плански регион, кои ќе бидат имплементирани од страна на Центарот за развој на Источен плански регион и Гешталт Солушнс д.о.о., Штип.
ЗА ШКОЛАТА ЗА ИНОВАЦИИ И ПРЕТПРИЕМНИШТВО
Бизнис Центарот за поддршка и консултативни услуги за МСП во ИПР при Центар за развој на Источен плански регион и Гешталт Солушнс д.о.о., Штип организираат Школа за иновации и претприемништво.
Школата за иновации и претприемништво има за цел да ги охрабри и зацврсти претприемничките мисли и дела на жителите на Источниот плански регион.
Школата ја водат успешни претприемачи од Гешталт Солушнс и тоа:
- Проект менаџер со меѓународен сертификат за проектен менаџмент (PMP, CMC),
- Ментор со национално и меѓународно искуство во поддршка на старт-апи,
- Експерти и консултанти за иновации, проектен менаџмент и маркетинг, развој на мрежи, менторска поддршка и истражување за финансирање на проекти
- Успешни претставници од бизнис секторот.
ТЕМИ НА ШКОЛАТА ЗА ИНОВАЦИИ И ПРЕТПРИЕМНИШТВО
Школата ги опфаќа следните теми:
- Концепт на претприемништво, лични вештини и алатки за планирање на бизнисот
- Оценка на окружување и области за иновации
- Алатки и вештини за мобилизирање на средства од расположивите програми.
СЕРТИФИКАТ
Редовните учесниците добиваат Сертификат за успешно завршена Школа за иновации и претприемништво.
ВРЕМЕ И МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ
Втората Школа ќе се оддржи во периодот 30 март – 03 април, 2016 година во Кочани. Трошоците за работните материјали, транспорт за учесниците на Школата и сместување за учесниците со 4 (четири) полни пансиони е обезбедено од страна на Бизнис Центарот за поддршка и консултативни услуги за МСП во ИПР.
КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВИ И КАКО?
Во Школата можат да учествуваат лица на возраст меѓу 18 и 35 години, жители на Штип, Карбинци, Кочани, Зрновци, Македонска Каменица, Виница, Делчево, Берово, Пехчево, Чешиново-Облешево и Пробиштип.
За да се учествува во Школата потребно е да испрати:
Биографија (CV) и Пропратно/Мотивационо писмо зошто сакаат да учествуваат на Школата и опис на производ/услуга/бизнис на која ќе работат на Школата и / или
Видео презентација за себе и производ/услуга/бизнис на која ќе работат на Школата. Видео презентацијата треба ги содржи следниве информации:
- име и презиме
- образование
- познавање на странски јазици и работа на компјутери
- производ/услуга/бизнис на која ќе работи на Школата.
на:
contact@gestaltsolutions.com.mk
bc.ipr@eastregion.mk
најдоцна до 28 март 2016, понеделник до 18.00 часот.
Повеќе информации за Школата ќе добиете на горенаведените мејл адреси и на тел. 078 / 392 252.
Повикот достапен во PDF документ тука. | ppt формат.
Втората Школа за иновации и претприемништво се организира во рамки на проектот „Формирање на Бизнис центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион“ кој што е технички и финансиски помогнат од страна на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP).