На ден 06.07.2022 година Амбасадорот Хулман на Р.Швајцарија го посети Источно планскиот регион за да се сретне со засегнатите страни и да ужива во прекрасната природа во овој регион. Р.Швајцарија повеќе од 15 години го поддржува Источниот регион, придонесувајќи за подобрување на квалитетот на водата и еколошката состојба на регионот, одржливо управување со природните ресурси, обезбедување социо-економски придобивки за локалното население и подигање на јавната свест за прашања поврзани со животната средина. Веќе може да се видат некои од клучните резултати – чиста вода во реката Брегалница како резултат на пречистителната станица за отпадни води во Кочани, одржливото производство на мед на Меден Исток, еко-етно паркот Чешиново, како и заштитениот предел „Осоговски Планини“.