Бизнис Центарот при Центарот за развој на Источен плански регион заедно со Фондот за иновации и технолошки развој, организираа инфо сесија за условите за аплицирање на отворениот јавен повик за инструментот за поддршка – Кoфинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст.  Инфо сесијата  се одржа на  03-ти март (среда) 2021 година  со почеток во 11:00ч преку апликацијата ЗООМ. На настанот присуствуваа околу 80 учесници од микро, мали и средни претпријатија.

Целта на поддршката е претпријатијата и приватни заравствени установи (ПЗУ) да создадат услови за надминување на последиците од економската криза, да остварат забрзан раст, да ја зголемат конкурентноста на меѓународните пазари и отпорноста на пандемиски и климатски кризи, преку воведување на нови, иновативни, напредни, ‘зелени’ и дигитални технологии за нивна трансформација.

Преку овој инструмент Фондот  обезбедува финансиска поддршка за микро, мали и средни компании и ПЗУ  и тоа :

  • до 70% од вкупниот буџет на проект но не повеќе од 2,5 милони денари за микро претпријатија
  • до 70% од вкупниот буџет на проект но не повеќе од 5 милиони за мали претпријатија
  • до 60% од вкупниот буџет на проект но не повеќе од 10 милиони денари за средните компании

Времетраењето на проектот може да биде до 18 (осумнаесет) месеци. Рок на аплицирање до 06.04.2021, до 14 часот.

Сите информации поврзани со јавниот повик се достапни на следниот линк:

https://fitr.mk/zabrzan-ekonomski-rast/

Заинтересираните компании имаат можност да добијат бесплатна менторска поддршка во рамките на ваучерска шема обезбедена преку Бизнис центарот од Источен плански регион.

Со пополнување на апликацијата компанијата се стекнува со право за добивање на менторска поддршка и тоа на следниот линк: Апликација за менторска поддршка во рамките на ваучерска шема обезбедена преку Бизнис центарот од Источен плански регион (google.com)