Бизнис Центарот при Центарот за развој на Источен плански регион заедно со Фондот за иновации и технолошки развој, организираа инфо сесија за презентација на условите за аплицирање на отворениот јавен повик за финансирање под инструмент за поддршка „Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин оф“.Инфо сесијата  се одржа на  20-ти мaј (четврток) 2021 година со почеток од 11 часот преку платформа ZOOM. На настанот присуствуваа околу 60 учесници од микро, мали и средни претпријатија.

Преку овој инструмент ФИТР обезбедува финансиска поддршка за старт-ап и спин-оф компании, а добиените средства се неповратни, што претставува уште еден сериозен поттик за македонските стартапџии.

Фондот ќе обезбеди до:

  • 40.000 евра (90%) од вкупниот буџет на проект за трговски друштва до 3 години постоење, односно
  • 60.000 евра (85%) од вкупниот буџет на проект за трговски друштва со над 3, а помалку од 6 години постоење.

Целта на овој повик е трансформацијата на старт-ап екосистемот и создавање на еден конкурентен и силен систем којшто ќе има огромно позитивно влијание на домашната економија и ќе допринесе за нејзина интернационализација.

Дел од активностите кои ги поддржува Фондот се финансирање на: развој на пилот линии, производ или услуга, активности за тестирање и валидација, активности за тестирање.

На повикот сите заинтересирани може да аплицираат до 12-ти јуни 2021 година, до 14.00 часот, а целата проектната документација и начинот на аплицирање се целосно достапни на веб страницата: https://www.fitr.mk/startapuvaj3/

Заинтересираните компании имаат можност да добијат бесплатна менторска поддршка во рамките на ваучерска шема обезбедена преку Бизнис центарот од Источен плански регион.

Остварувањето на правото за бесплатна менторска поддршка се добива по принципот – “прв пријавен, прв услужен”.  За да ја искористите оваа извонредна можност, потребно е само да ја пополните апликациската форма, до која може да пристапите со едноставно кликање на следниот линк:

https://docs.google.com/forms/d/1QQ7Z2Kt48y2HGAnbLIuHE4OHfLVqtCgjdoppEIQT8kU/viewform?ts=609a84f4&edit_requested=true