На 12-ти мај, 2015 година, во големата сала на Општина Штип, се оддржа Третиот Информативен настан со приватниот сектор од Источен плански регион како дел од активностите во рамките на проектот „Формирање на бизнис центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион”.
Настанот го отвори Г-ѓа Драгица Здравева, Директор на Центарот за Развој на Источен плански регион.
Теми на настанот беа:
- Презентација на програмата и производите, начинот на кој функционира Македонска Банка за поддршка на развој, како и производите кои им ги нуди на малите и средни претпријатија- претставник од МБПР– (Г-дин Александар Станојковски, Директор на секторот за кредитирање и гаранции, од МБПР);
- Презентација на програмата за мали бизниси, можноста и пристапот до финансии, и програмата за Советување на мали бизниси -претставник од Европска Банка за Обнова и развој – (Г-ѓа Маја Антевска, претставник од Европска Банка за обнова и развој во Македонија);
- Презентација на Европски фондови и програми за финансирање на мали и средни претпријатија во Македoнија – претставник од Knowledge Center– (Г-ѓа Андријана Богдановска).
За време на целиот настан, во холот пред големата сала во зградата на Општина Штип се оддржа и Мини саем на Комерцијални Банки, каде присуство земаа Капитал банка, ТТК банка, Стопанска банка и Шпаркасе банке. Овде заинтересираните компании можеа да се информираат за производите и услугите кои им ги нудат комерцијалните банки во Македонија. Присутните банки на саемот исто така имаа можност да ги презентираат своите производи за мали и средни претпријатија пред сите заинтересирани компании.
По завршувањето на сите излагања, се оддржаа B2G средби помеѓу заинтересираните претставници од приватниот сектор и претставниците МБПР и ЕБРД и комерцијалните банки.Проектот се спроведува со техничка и финансиска поддршка на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP).