Организации и претставништва
Општина Штип е административен центар на Источниот плански регион. Овде се сместени сите поважни институции и организации од широка важност за општата популација.
Имајќи во предвид дека во текот на претстојувањето и работењето, би имале потреба од информации, совети и поддршка во процесот на акомодирање на овдешните услови на живеење и работење, Ви приложуваме листа на дипломатски претставништва, амбасади и конзулати кои Ви се на дофат. Повеќето од нив, се сместени во главниот град на државата, што значи дека се на оддалеченост од општините од Источниот регион на просечно 150 километри.
Република Македонија се наоѓа во југоисточниот дел на Европа, завземајќи го централниот дел на Балканскиот полуостров. Таа е значајна крстосница – ја поврзува Европа со Азија, Мала Азија и Африка.
Република Македонија е земја со нагласена европска ориентација, кандидат за членство во ЕУ, реформски ориентирана. Од своето осамостојување во 1991 година, Република Македонија има остварен значителен напредок од аспект на либерализација на економијата и подобрување на бизнис-климата. Во споредба со останатите земји од Балканот, привлекувањето на странски инвестиции е приоритет и предизвик на Македонија. Значителниот бројот на млади образовани лица и малиот број на слободни работни места ја прави Македонија погодна за брзо започнување со работа на новоосновани бизниси.
Македонската економија е тесно поврзана со Европа како клиент за извоз и извор на инвестиции. Македонија одржува макроекономската стабилност и покрај глобалната финансиска криза преку спроведување разумна монетарна политика, која ја задржува домашната валута фиксирана во однос на еврото и преку ограничување на буџетскиот дефицит. Владата континуирано ја олеснува фискалната политика. И покрај тоа што буџетскиот дефицит се прошири на 4,2% од БДП во 2013 година, Македонија постигна скромен раст на БДП во 2013 година по малиот пад во 2012 година. Инфлацијата во државата е под контрола. (извор: http://www.forbes.com/places/macedonia/)
(заклучно со декември 2014)
Економска Дипломатија – Поттикнување на извозот на македонски производи
Напорите на економската дипломатија се насочени и кон промовирање на туристичките можности на Македонија. Кaко резултат на активна промоција, во последните години бројот на странски туристи и бројот на ноќевањата е двојно зголемен. Убавините и туристичките можностите на Република Македонија се огромни и вреди да се откријат. Во насока на промоција на туристичките можности на Македонија се основани туристички развојни зони кои што се наменети за изградба на хотелски капацитети од висок ранг.
Фатос Мустафа
Ева Вељановска
Крешник Бектеши
Ева Вељановска
Ева Вељановска
Ева Вељановска
Ева Вељановска
Ева Вељановска
Ева Вељановска
Ева Вељановска
Ева Вељановска
Ева Вељановска
Ева Вељановска
Ева Вељановска
Ева Вељановска
Ева Вељановска
Ева Вељановска
Ева Вељановска
Ева Вељановска
Ева Вељановска
Ева Вељановска
Ева Вељановска
Ева Вељановска
Ева Вељановска
Ева Вељановска
Ева Вељановска
Ева Вељановска
Ева Вељановска
Определби на Република Северна Македонија
Со Европската Унија Република Македонија воспостави дипломатски односи во декември 1995 година, а ја склучи „Спогодбата за соработка“ во 1997 година, „Спогодбата за стабилизација и асоцијација“ во 2001 година, а во 2005 година се стекна со кандидатскиот статус за членство во Европската Унија. Стекнувањето на статусот земја-кандидат за членство во ЕУ е политичко признание за постигнатиот напредок на земјата во остварувањето на реформските процеси и во градењето отворено, демократско општество, и со него е означен влезот на Република Македонија во повисока фаза од процесот на Европската интеграција.
Агендата за пристапување на државата во ЕУ јасно се рефлектира во Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (законодавни измени и мерките за институционално зајакнување на краток и на среден рок), во Претпристапната економска програма (мерки за исполнување на Копенхашките економски критериуми) и во Националниот план за развој (инвестициски приоритети за остварување на развојните цели на државата) – документи, кои редовно, на годишна основа, се приспособуваат согласно со препораките од Европската комисија.
Цел на Република Македонија е целосно да ги исполни европските стандарди за функционална демократија и просперитетна пазарна економија, со што ќе биде способна да ги превземе сите обврски што произлегуваат од членството во Европската Унија.
Во процесот на интеграција на Република Македонија во Европската Унија, визната либерализација е една од клучните придобивки што се сметаат за еден од најзначајните чекори во натамошната Европеизација на Македонското општество. Тоа многу придонесе за олеснување на контактите меѓу луѓето, подобрување на бизнис-можностите и размена на стоки, добра и идеи, унапредување на соработката во сите сфери на општественото живеење. Особено позитивно влијае врз образованието и стручната надградба на младите генерации како главни носители на развојот на Република Македонија во идна земја-членка на ЕУ.
Република Македонија стана полноправна членка на Меѓународната организација на Франкофонијата на 28 септември 2006 година. Членството на Република Македонија во Франкофонијата се заснова, пред сè, врз прифаќањето на темелните принципи и вредности на оваа Организација што соодветствуваат и со европските определби: залагање за мир во светот, демократија, човекови права, рамномерен и одржлив развој, образование, обука, наука и истражување, млади и спорт, нови информатички технологии, афирмација и заштита на културната и јазичната разновидност и солидарност.
Определбата за Евро-атлантско интегрирање на Република Македонија датира од 1993 година, кога Собранието ја усвои Резолуција за влез на земјата во НАТО. Република Македонија, од корисник на безбедност, за кратко време прерасна во доверлив и компатибилен партнер на Алијансата, кој активно придонесува во безбедносните мисии на НАТО, ЕУ и ООН, во регионот и во светот.
На 15 ноември 1995 г. Република Македонија го потпиша Рамковниот документ за пристапување кон програмата Партнерство за мир. Во тоа време, Република Македонија е примена и во Северно-атлантскиот совет за соработка, подоцна Евро-атлантски партнерски совет. На 14 јуни 1996 година е отворена Канцеларија за врски на Р. Македонија, а при крајот на 1997 година е отворена и Постојаната мисија на Р. Македонија во седиштето на НАТО во Брисел. Во април 1999 година на Самитот на НАТО во Вашингтон, Република Македонија се стекнува со статус кандидат за членство во Алијансата, со што започнува со подготовка и реализација на Акциониот план за членство. Во очекување на покана за членство во НАТО, најголем акцент останува на натамошното развивање и унапредување на односите и соработката со Алијансата и нејзините земји – членки, како во делот на оперативната и партнерската соработка, така и во рамките на процесот на целосна интеграција во Алијансата.
Република Македонија стана членка на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) на 12 октомври 1995 година.
Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија е најстарата теренска мисија на организацијата. Нејзините активности се насочени во помош на институциите на Република Македонија за натамошно усогласување на нашето законодавство со законодавството на ЕУ, како и за спроведувањето на другите реформи поврзани со процесот на интеграција во ЕУ.
Република Македонија остварува тесна соработка и со Канцеларијата за демократски институции и човекови права, Високиот комесар за национални малцинства, Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, како и со Парламентарното собрание на ОБСЕ.
Република Македонија стана членка на Обединетите нации на 8 април 1993 година (Резолуција на Генералното собрание A/RES/47/225). Членството, втемелено врз основните принципи и постулати на Повелбата на ОН, во континуитет ги креира аспектите на мултилатералната димензија на надворешната политика на Република Македонија. Во таа рамка, започнатиот процес за етаблирање и позиционирање на Република Македонија на меѓународната сцена од 1991 година се трансформира во препознатливост на принципиелен и одговорен член на меѓународната заедница.
Република Македонија стана членка на Советот на Европа на 9 ноември 1995 година. Република Македонија активно соработува со сите тела на Советот на Европа (Комитетот за превенција на тортура, Венецијанската комисија, ЕКРИ, Комесарот за човекови права) и интензивно ги исполнува своите обврски што произлегуваат од членството во Советот на Европа и Конвенциите на Советот на Европа кон кои има пристапено. Во рамките на 18-годишната активна соработка на Република Македонија со Советот на Европа, претставници на владините институции редовно и активно учествуваат во работата на управните, ад хок комитетите и комитетите на експерти на Советот на Европа, чии состаноци се во функција на спроведување на меѓувладината програма на активности и хармонизирање на европските политики во сите сфери, освен одбраната.