На 8-ми април, 2015 година, во голема сала на Општина Штип, се оддржа вториот информативен настан со приватниот сектор од Источен плански регион како дел од активностите во рамките на проектот „Формирање на бизнис центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион”.

Настанот го отвори Г-ѓа Драгица Здравева, Директор на Центарот за Развој на Источен плански регион.

Теми на настанот беа:

  • Презентација на наодите од Истражувањето за Управување со Иновации во Република Северна Македонија- Директор на компанијата Knowledge Center-Г-ѓа Андријана Богдановска – Knowledge Center;
  • Презентирање на инструментите и активните повици и програми–Претставник од Фонд за Иновации и Технолошки Развој- Г-ѓа Катарина Кречева;
  • Презентирање на Програмата за Конкурентност, иновации и претприемништво за 2015 година – Претставник од Министерство за економија – Г-ѓа Јасмина Мајстороска.

По завршувањето на сите излагања, после паузата за коктел-ручек, беа оддржани средби помеѓу сите заинтересирани од приватниот сектор и претставниците од владините институции (B2G средби), односно Фондот за Иновации и Технолошки Развој и Министерство за Економија.

Проектот се спроведува со техничка и финансиска поддршка на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP).