Од страна на УНДП и Министерство за локална самоуправа се имплементира проектот ,,Иновативни решенија за подобар пристап до услуги на локално ниво”, во рамките на кој се врши мапирање на потенцијалите за развој на туризмот во рамките на Источен плански регион.
На ден 27-ми октомври 2017 година (четврок), во хотел „Изгрев“ во Штип Центарот за развој на Источен плански регион организираше втора работилница за изготвување на Регистар на потенцијалите за развој на руралниот туризам во ИПР.
Во рамките на оваа активност за Источниот плански регион ќе биде изготвен Регистар на потенцијалите за развој на руралниот туризам.
Експертите од БДС (Balkan Development Solutions) работат на изготвувањето на Регистар на потенцијалите за развој на руралниот туризам во соработка со ЦРИПР и општините од регионот.
На оваа работилница заинтересираните претставници ги претставија своите резултати, дадоа насоки, и ги прегледаа најважните прашања од регистарот. Воедно се дискутираше за досегашниот процес на мапирање, пристигнатите забелешки и оценки од субјектите во регионот и финализација на нацрт верзијата на Регистар на потенцијалите за развој на руралниот туризам.
На настанот присуствуваа претставници од: општините, ЛЕР ооделенија, јавните претпријатија, НВО, хотелиери, тур.агенции, Центарот за развој на Источен плански регион, eксперти до БДС, асоцијации на земјоделци, фармери и останати заинтересирани страни.
Теми на настанот беа:
- Вовед во целите и задачите на работилницата, како и на изготвувањето на регистарот;
- Дискусија за досегашниот процес на мапирање, пристигнатите забелешки и оценки од субјектите во регионот;
- Квалитативна анализа – оценка на факторите за руралниот туризам во ИПР и
- Оценка на факторите за руралниот туризам во ИПР.