Водич за инвестирање во ИПР | Инвестиции

Добивка на инвеститори

Животна средина2019-05-23T22:00:02+01:00

Состојба со квалитетот на животната средина во Источниот плански регион е сличен, како и во другите региони во Република Македонија.
Цврст отпад
Управувањето со цврстиот отпад во Источниот плански регион се сведува на негово собирање, транспорт и депонирање. За управувањето со цврстиот отпад одговорни се Општинските комунални претпријатија. Депонирањето на цврстиот комунален отпад во Источниот плански регион се врши на локалните односно т.н. општински депонии. Во овој регион постојат 17 депонии, евидентирани согласно Националниот план за управување со отпад, а кои според ризикот за загадување на животната средина се класифицирани на следниот начин: 3 депонии – висок ризик; 8 депонии – среден ризик и 6 депонии – низок ризик.

Согласно Националната стратегија за управување со отпад, проблемите во управувањето со цврстиот отпад може да се надминат преку воведување на регионално интегрално управување со цврстиот отпад, согласно директивите на ЕУ. Источниот регион е планирано да воспостави интегрално управување со комуналниот отпад преку користење на средства од ЕУ преку ИПА програмата.

Рециклирањето, односно селекцијата на рециклабилните фракции од комуналниот цврст отпад се врши на многу мал дел од отпадот и тоа преку селекција на отпадот во поставени садови за отпад во неколку општини. Неформалниот сектор ја собира отпадната пластика и метал директно од садовите за собирање на отпадот.

Организирано собирање постои само за отпадот од пакување. Регионалниот план за управување со отпад е подготвен и основано е регионално претпријатие за управување со цврстиот отпад.
Другите видови на отпад, како што се отпадни гуми, батерии и акумулатори, отпадни масти и масла, искористени возила и отпад од електрични и електронски апарати не се селектираат и завршуваат на депониите за комунален отпад. Во општина Штип одредени приватни претпријатија управуваат дел од овие видови на отпад, но во количини кои се релативно мали. Медицинскиот отпад само се собира одвоено и се третира соодветно (инсенерација).

Земјоделие2019-05-23T22:00:36+01:00

Источниот плански регион ги опфаќа териториите на рамнините во Кочанско и Штипско и околните општини, како и планинските реони на Малеш и Пијанец. Вкупно во регионот има 177.633 ха земјоделско земјиште од што 43,26% или 76.818 хектари се обработливи површини, а 56,74% или 100.784 хектари се пасишта.
Во регионот доминантни обработливите површини се ораници и бавчи со 63.621 hа, овоштарници има 3.710 hа, лозја 1.562 hа и ливади 7.925 hа. Процентуалната застапеност на земјоделските површини е прикажана на следната слика.


Извор: Државен завод за статистика

Бруто додадената вредност во земјоделскиот сектор расте за 14,48% од 62 во 2008 на 71,9 милиони евра во 2012 година, зголемувајќи го притоа учеството во вкупната додадена вредност на државно ниво од 9,63% на 10,09%. Од вкупно 53 земјоделските претпријатија се обработуваат 4.547 ha, додека 23.709 индивидуални земјоделски производители обработуваат 55.606 хектар. Според тоа просечната големина на обработуваното земјиште од земјоделските претпријатија е околу 85,8 ha . Индивидуалните земјоделски производители во просек обработуваат 2,35 ha, што укажува на релативно мала просечна големина, која сепак е над републичкиот просек (1,84 ha). Беровско-Делчевскиот дел е со доста слабо развиена индустрија, па земјоделството е значаен извор на приходи кај домаќинствата во овој простор. Од сето ова може да се заклучи дека во овој регион фрагментираноста на површините е помала од просекот во Републиката, но земјоделските претпријатија управуваат со мали површини во просек.

Од анализата за застапеноста на културите во Источниот плански регион може да се заклучи дека поледелското производство е доминантно во регионот, а приближно еднаквата застапеност на јачменот со пченицата и релативно високата застапеност на пченката укажува на добра база за сточарско производство. Сепак од житните култури во овој регион најголемо значење има оризот, кој иако е застапен на условно мали површини (4839 ha) има огромно значење за растителното производство во регионот. 99,45% од вкупното производство на ориз во земјата се одвива во Источниот плански регион. Доминантна фуражна култура е луцерката, а доминантна индустриска култура е тутунот. Градинарството не е многу застапено. Овој регион е најголем производител на компир во државата, кој исто така е бренд самиот по себе баран на пазарот (посебно Беровски компир). По однос на овошните култури во регионот доминира сливата и ова е најзначаен регион за нејзино производство. Лозарството има потенцијал во Штипскиот регион.

Социјален развој2019-05-23T22:01:55+01:00

Состојбата во поглед на покриеноста на населението со здравствено осигурување во Источниот плански регион е околу 99%. Достапноста на здравствените услуги од примарната и секундарната здравствена заштита е на просечно национално ниво, додека повисоките степени на здравствена заштита се помалку достапни. Болничката нега е организирана преку мрежа на општи болници во градските центри. Во регионот постојат 9 јавни установи за згрижување и воспитание на деца, во 29 објекти. Градинките се лоцирани во поголемите урбани средини, додека во руралниот дел има дисперзирани групи. Опфатноста на децата во детски градинки е подобра од просекот на државата. Додека опфатноста за Република Македонија е 21% од децата до 5 години старост, опфатноста во Источниот регион била 34.4%. Во рамките на регионот работат 93 основни училишта, со 7,400 ученика. Средни училишта има 13 и во нив учат 7.700 ученика.

Бројот на запишани студенти на додипломски студии во Источниот плански регион е прикажан во следната табела.

Во регионот работи еден од најголемите универзитети во државата, Универзитетот Гоце Делчев. Бројот на дипломирани студенти по години во регионот, споредено со просекот за цела Македонија е прикажан во следната табела.

Пазар на работна сила2019-05-23T22:02:37+01:00

Податоците за стапката на активното население, вработеноста и невработеноста се поповолни од националниот просек.

Продуктивноста на трудот мерена како БДП по вработен за час работа (2.184 часа годишно) покажува дека регионот има околу 314 денари бруто домашен производ по час работа.

Во приватниот сектор искористеноста на расположливата прекувремената работа е скоро потполна, па реалниот показател за продуктивноста е некаде на 80% од вака пресметаниот. Како и да е, глобалните показатели како општата продуктивност се добри индикатори на релативните односи.

Споредбата на индексите на вработеност со индексите на бруто домашниот производ ја определува динамиката на продуктивноста на трудот во регионот. Индексот на продуктивноста растел во периодот 2010/2009 поради високиот индекс на раст на бруто домашниот производ и стагнацијата на индексот на вработеност, за состојбите да се изедначат во наредниот период, 2011/2010, кога практично и БДП и вработувањето имаат еднаков тренд, па продуктивноста е повисока само за 0.4 индексни поени.

Структурата на невработените во регионот, споредено со просекот на државата и вкупно и според полот и местото на живеење укажува дека невработеноста и во урбаниот и во руралниот дел на регионот е под просекот на државата, посебно кај жените што се должи на големото учество на текстилот во структурата на индустријата.

Економски карактеристики2019-05-23T22:03:20+01:00

Источниот плански регион е економски релативно добро развиен, гледано во однос на другите плански региони во Р. Македонија. Учеството на Источниот плански регион во Бруто домашниот производ на Република Македонија е на ниво од 8.1%.

Мерено по жител, Источниот плански регион во 2012 година имал бруто домашен производ по жител од 204.748 денари.

Всушност за целиот претходен период, карактеристичен е забрзан тренд на економската активност во регионот и постепеното приближување на бруто домашниот производ во регионот до просекот на Република Македонија, што е поволен резултат и укажува на ревитализација и модернизација на стопанството.

Гледано во целина, Источниот плански регион се развива релативно брзо, што и соодветно е одразено на степенот на неговата развиеност. Источниот плански регион денес има развоен индекс 0,67, економско социјален индекс 0,95 и демографски индекс со 0,50.

(Извор: Одлука за класификација на планските региони според степенот на развиеност за периодот 2008-2012, Службен весник бр.162/2008)

Инфраструктура

Воздушен сообраќај2019-05-23T21:56:45+01:00

Во Источниот регион постои еден спортски аеродром во близината на Штип и едно леталиште за стопанска авијација „Лакавица“.
Спортскиот Аеродромот е оддалечен 4 km северо-западно од градот Штип. Наменет е за воздухопловно-спортски активности. Полетно-слетна патека: 14/32 со димензии 1000х100 m. Пистата е тревната и не е опремена со светлосна сигнализација за во ноќни услови. На овој аеродром можат да оперираат воздухоплови со максимална тежина до 5700 кг.
Со постојниот меѓународен патнички аеродром во Скопје, дел од Источниот плански регион е добро покриен преку пристапот кон главниот национален аеродром „Александар Велики“ во Петровец.

Енергетска инфраструктура2019-05-23T21:55:40+01:00

Во Источниот плански регион се лоцирани две хидро-електрични централи – Калиманци и Зрновци. Со изградба на хидро системот Злетовица создадени се услови за производство на електрична енергија преку планираните мали ХЕЦ на системот Злетовица, реката Брегалница и нејзините притоки: Оризарска, Зрновска и Кочанска река. Покрај ова идентификувани се неколку локации за изградба на мали хидроцентрали.


Енергетска инфраструктура во Источен плански регион


Извор: Државен завод за статистика


Извор: Државен завод за статистика

Значајна улога во обезбедувањето на електрична и топлинска енергија во Источниот плански регион можат да имаат и обновливите извори на енергија. Покрај хидроенергијата, тука можат да се вбројат соларната енергија, геотермалната енергија, биомасата и ветерната енергија. Поради природните предуслови, реионот има можност за користење на соларната енергија, ветерот и биомасата. Геотермалната енергија може да биде од исклучително значење за развивање на земјоделството во Источниот плански регион.


Извор: Хидроцентрални во Источниот регион

Во Кочанскиот регион пак постои можност за користење на геотермалната енергија за затоплување во зимскиот период и за загревање на раноградинарските земјоделски посеви под пластеници. Покрај економските ефекти, користењето на обновливите извори на енергија позитивно влијание и врз заштитата на животната околина во регионите.

Железничка мрежа во Источен плански регион2019-05-23T21:58:37+01:00

Во Источниот плански регион е лоциран дел од железничката линија Велес – Кочани. Вкупната должина на оваа железничка линија која е лоцирана во регионот изнесува 70 km.

Основниот проблем за ефикасен железнички транспорт е недооформената железничка мрежа во Источниот плански регион која завршува со слеп колосек. Неопходно е итно реконструирање и надоградба на целата железничка инфраструктура во регионот за да се обезбеди брз и сигурен транспорт на стоки и патници. Како една од можностите за унапредување на овој вид на транспорт е идентификуван развојот на комбинираниот мултимодален транспорт кој може да обезбеди порентабилен транспорт и да поттикне инвестиции во регионот.

Патна мрежа во Источен плански регион2019-05-23T21:59:25+01:00

Постојната патна инфраструктура во Источниот плански регион се состои од 1187 километри локални патишта, 177 километри А државни патишта и 302 километри регионални патишта.

Главни патни правци кој што го поврзуваат овој регион со другите регион се државниот пат А3 (Велес – Штип – Кочани – Делчево – Граница со Бугарија) и државниот пат А4 (Свети Николе – Штип – Струмица). Патната мрежа во овој регион е релативно добро развиена, во тек е изградба на автопат на дел од државниот пат А3 Свети Николе – Штип, со што овој регион ќе се поврзе со модерна патна врска со Скопје. Истовремено се врши реконструкција и надградба на делницата Велес – Кадрифаково од државниот пат А4.

Водостопанска инфраструктура

Туризам и култура

Јавни институции и финансиски субјекти

2019-05-23T21:25:24+01:0023 May, 2019|Guide for Investments in the EPR|

Share on social networks:

Go to Top