Водич за инвестирање во ИПР | Инвеститори

Добивка на инвеститори

Државни празници во Република Македонија2019-05-23T21:54:40+01:00

Закон за работни односи2019-05-23T21:54:00+01:00

За работни односи меѓу работодавачи кои имаат седиште или престојувалиште во Република Македонија и кај нив вработените работници, кога работата постојано се врши на територијата на Република Македонија, како и во случаите кога работодавачот привремено ќе го упати работникот на работа во странство обврските и правната рамка ја дава Законот за работни односи (“Службен весник” на РМ, бр. 16/2010). Овој закон се применува, исто така, за работните односи меѓу странските работодавачи и кај нив вработените работници, коишто се воспоставуваат врз основа на договорот за вработување заради вршење на работа на територијата на Република Македонија.

Во Република Македонија важи забрана на дискриминација и работодавачот не смее кандидатот за вработување да го става во нееднаква положба заради расата, бојата на кожата, полот, возраста, здравствената состојба, односно инвалидност, религиозното, политичко или друго убедување, членување во синдикатите, националното или социјалното потекло, статус на семејството, имотната состојба, половата насоченост или заради други лични околности. На жените и мажите мораат да им бидат обезбедени еднакви можности и еднаков третман при вработувањето, напредувањето во работата, оспособувањето, образованието, преквалификацијата, платите, наградувањето, отсуството од работа, условите за работа, работното време и откажувањето на договорот за вработување. Договорите за вработување можат да бидат на неопределено и определено време или за вршење сезонска работа.

Договор за вработување може да склучи лице кое наполнило 15 години возраст и има општа здравствена способност.
Во Република Македонија полното работно време (Член 116) не смее да биде подолго од 40 часа неделно, а работната недела по правило трае пет работни дена. За работни места кај кои постојат поголеми опасности од повреди или здравствени оштетувања, полното работно време да трае помалку од 36 часа неделно.

Платата на работникот (Член 107) за работа со полно работно време не може да биде пониска од најниската плата утврдена според закон и колективен договор. Работодавачот е должен (Член 108)
за еднаква работа со еднакви барања на работното место да исплаќа еднаква плата на работниците без оглед на полот. Платата се исплатува за периоди кои не смеат да бидат подолги од еден месец и се исплаќа најдоцна 15 дена по изминувањето на исплатниот период.

Макроекономија2019-05-23T21:52:32+01:00

Макроиндикатори за 2014 година (по месеци)

Цели на Владата на Република Сееверна Македонија2019-05-23T21:51:49+01:00

Врвен приоритет на Владата на Република Македонија е економскиот напредок на земјата. Министерството за надворешни работи и нејзините дипломатски претставништва, преку економска дипломатија, во секојдневното работење се фокусираат на:

  • претставување на Република Македонија како привлечна дестинација за странски инвестиции преку промоција на предностите на водење бизнис
  • активности за поттикнувањето на извозот на македонски производи со што се зајакнува позицијата на земјата како доверлив бизнис-партнер и дестинација.
  • активности за промовирање на Република Македонија како атрактивна туристичка дестинација и за зголемување на бројот на туристите што ја посетуваат земјата.

Во земјата работат голем број реномирани странски фирми, како што се: Johnson Controls, Johnson Mattey, Kromberg & Schubert, Kemet Corporation, Van Hool, Dräxlmaier.
Компаративните предности што ги нуди Република Македонија:
-Економична квалификувана работна сила;
-Пријателски настроена Влада кон странски инвестиции;
-Ниски трошоци за водење бизнис;
-Едношалтерски систем;
-Даночни поволности и субвенции;
-Добра инфраструктура
го прават опкружувањето поволно за основање и водење бизнис.

Даночни поволности за инвестирање во Технолошко Индустриските Развојни Зони (ТИРЗ)

Трошоци за водење бизнис во Македонија

Процедури за регистрирање на различни видови компании во Македонија

Процедури и услови за регистрирање2019-05-23T21:40:22+01:00

Постапка за упис на ДОО/ДООЕЛ во трговски регистар

Основната главнина на друштвото се состои од збирот на влоговите на содружниците.

  • Основната главнина не може да биде помала од 5.000 ЕВРА во денарска противвредност, според средниот курс на таа валута којшто е објавен од Народната банка на Република Македонија на денот на уплатата, освен ако основачите не се договориле тоа да биде денот на потпишувањето на договорот за друштвото, односно на изјавата за основање на друштвото.
  • Износот на основната главнина мора да биде изразен со цел број којшто е делив со бројот 100. Основањето на друштвото се запишува во трговскиот регистар. Влогот на содружникот може да биде паричен и непаричен.
  • Пред поднесувањето на пријавата за упис на основањето на друштвото во трговскиот регистар, содружникот мора да уплати најмалку една третина од запишаниот паричен влог. Пред поднесувањето пријава за упис, износот на уплатите во пари не може да биде помал од 2.500 ЕВРА во денарска противвредност.
  • Непаричните влогови во целост се внесуваат пред поднесувањето на пријавата за упис на основањето на друштвото. Ако вредноста на внесениот непаричен влог во времето на поднесувањето на пријавата за упис на основањето на друштвото не го достигне износот на преземениот влог, содружникот мора да ја доплати разликата во пари пред уписот на основањето на друштвото во трговскиот регистар.

Опис на постапка

  1. Пријавата за упис на основањето на друштвото ја поднесува управителот, односно управителот овластен од другите управители ако друштвото има повеќе управители. Уписот во трговскиот регистар се врши во писмена форма или во електронска форма.
  2. Управителот, односно управителот овластен од другите управители е должен во рок од 15 од денот на стекнувањето на условите за поднесување пријава за упис во трговскиот регистар да поднесе пријава за упис.
  3. Во пријавата за упис се наведуваат:
    • Фирмата и седиштето на друштвото;
    • Предметот на работењето на друштвото;
    • Името и презимето, ЕМБГ, бројот на пасошот, односно бројот на личната карта ако содружникот е странско физичко лице или на друга исправа за утврдување на идентитетот-важечка во неговата земја и неговото државјанство, како и местото на живеење, односно фирмата, седиштето, МБС, ако содружникот е правно лице;
    • Износот на основната главнина;
    • Денот на склучувањето на договорот за друштвото, односно денот на потпишувањето на изјавата за основање на друштвото;
    • Времетраењето на друштвото ако тоа е определено со договорот за друштвото или со изјавата за основање на друштвото;
    • Името и презимето на управителот, на членовите на надзорниот одбор, односно на контролорот, ако друштвото има орган за надзор, ЕМБГ, занимањето, бројот на пасошот, односно бројот на личната карта за странско физичко лице или на друга исправа за утврдување на идентитетот-важечка во неговата земја и неговото државјанство, како и местото на живеење;
    • Oвластувањето за застапување на друштвото и
    • Интернет страница ако друштвото има ваква страница.

Преку системот за електронска регистрација во Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица можете да ги направите сите уписи на основање, промена и бришење на субјекти на упис. Целата постапка можете да ја остварите преку интернет (online), без потреба од доаѓање во канцелариите на Централнот регистар. Системот Ви е достапен 24 часа секој ден. Разгледувањето на пријавите се врши од понеделник до петок, од 8:30 – 16:30 часот. Секоја промена на податоците , како и пристапувањето на содружник во друштвото, односно истапувањето на содружник од друштвото, се запишуваат во трговскиот регистар.Вкупните трошоци за целокупниот процес на регистрација се одредени со Тарифата на Централен Регистар на Македонија.

2019-05-23T21:28:20+01:0023 May, 2019|Guide for Investments in the EPR|

Share on social networks:

Go to Top