Локации за инвестирање


Источниот плански регион на Р. Македонија поседува одличен потенцијал за инвестирање. Брои вкупно 4 технолошко индустриски развојни зони, 21 слободни индустриски зони за инвестирање и 25 локации за инвестирање.

Урбанизирани парцели со градежно земјиште има на следниве локации во општината:
1. Населба Баби Работна зона
2. Индустриска зона Каленица
3. Дел од Индустриска зона Стококооп
4. Работна Зона Балканска
5. Индустриска зона Пребег
6. Комерцијална зона Баби
7. Поранешна ПИ Македонка

- Работна зона „Балканска"
Работната зона „Балканска“ се наоѓа на одалеченост од околу 3 километри од централното градско подрачје со директна врска со Магистралниот пат М-5. Во работна зона „Балканска" егзистираат неколку поголеми индустриски капацитети, стоваришта, складишта, шпедиции и царински терминал. Согласно деталниот урбанистички план (ДУП) се дефинирани четири слободни локации. Електроенергетско напојување, патната, водоводната и канализационата инфраструктура се пристапни на околу 50 метри од локациите.

- Населба „Баби"
Населбата Баби се наоѓа на одалеченост од околу 5 км од централното градско подрачје, на Регионалниот пат Р-601. Согласно ДУП, дефинирани се четири слободни локации. Електроенергетско напојување, патна, водоводна и канализациона инфраструктура се пристапни на околу 50 метри од локациите.

- Индустриски комплекс „Македонка“
Овој индустриски комплекс е на оддалеченост од 5 километри од центарот на Општина Штип. Директно е поврзан со магистралниот пат М-5, до комплексот има издвоен крак на Железничка пруга Штип-Кочани. Согласно деталниот урбанистички план, во овој индустриски комплекс се предвидени 14 слободни локации. Комплексот има комплетна инфраструктура. Земјиштето е во државна сопственост, а изградбата може да започне веднаш.


Во општината деловни објекти можат да се позиционираат во следниве локации:
1. м.в. Кривулица, н.м. Облешево
2. м.в. “Св. Атанас”, н.м. Спанчево

Локација за инвестирање м.в. Кривулица, н.м. Облешево
Локацијата е со површина од 1,2 ha.

Локација за инвестирање м.в. “Св. Атанас”, н.м. Спанчево
Се протега на површина од 25,50 ha во с.Спанчево. Од општинскиот центар Облешево е одалечен 4 км. Постои пристапен пат до оваа локација, а на 1,5 киломерти одалеченост е од регионалниот пат R2342. Во оваа локација е предвиден стопански комплекс со намена Г2 - лесна и незагадувачка индустрија и Е2 - комунална супраструктура.


Во општината деловни објекти можат да се позиционираат во следниве локации

ТИРЗ-Виница
Локации:



Блок „4“
Локации:


Во општината деловни објекти можат да се позиционираат во следниве локации:
1. Објектот на поранешната фабрика
2. Објектот на поранешната „Караула“ во Пехчево
3. Објектот на поранешната конфекција „Комуна“ – Пехчево
4. Домови на културата во сите села во општина Пехчево

Објектот на поранешната фабрика за производство на плочки во Пехчево која во моментот се наоѓа во приватна сопственост и е со вкупна површина од 14.000м2;

Објектот на поранешната „Караула“ во Пехчево која се наоѓа на Ченгино Кале. Овој објект е во општинска сопственост – целината е сочинета од три објекти: едниот со површина од 37м2, другиот со површина од 158м2, а третиот со површина од 141м2 и земјиште со површина околу 30.517м2;

Објектот на поранешната конфекција „Комуна“ – Пехчево со површина од 2.000м2, кој е во приватна сопственост;

Домови на културата во сите села во општина Пехчево кои се наоѓаат во општинска сопственост со површина од околу 200-300м2 секој и кои можат да бидат потенцијални мали фабрики за развој на текстилната индустрија.


Индустриска зона Чуката - „Подуово“

Локации:




Во општината деловни објекти можат да се позиционираат во следниве локации

ТИРЗ-Берово
Локации:



Градска Зона за мало стопанство блок 1
Локации: