Младински Ресурсен Центар iCan во соработка со Агенцијата за вработување на Р.С.М. и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во рамки на проектот – Креирање можности за работа за сите – Главна фаза, финансиран преку Програмата на Швајцарска агенција за развој и соработка (СДЦ) oбјавува Јавен повик.

Јавниот повик е во рамки на проектот и во координација со Агенцијата за вработување на Р.С.М. за имплементирање на мерката 5. Практикантство од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година, усвоен од Владата на Р.С.М.

Јавниот повик се однесува до сите заинтересирани работодавачи за вклучување во мерката Практикантство, со цел ангажирање практиканти за обука, изведување  работни задачи и стекнување искуство во период од 3 (три) месеци.

Истата има за цел стекнување искуство и остручување на работно место како резултат на учење низ работа.

Практикантите се избираат од евиденцијата на невработени лица, активни баратели на работа во соработка со Агенцијата за вработување, на возраст до 34 години со минимум завршено средно образование и кои немаат работно искуство согласно образованието.

За секој кандидат кој ќе биде избран и вклучен во мерката Практиканство, се предвидува финансиска поддршка во износ од 9.000,00 денари месечно, за периодот за кој се извршува практичната обука. 

Еден од критериумите е „прв пријавен, прв услужен“ се до искористување на расположливите средства, водејќи сметка за принципот на рамномерна распределеност од сите плански региони на Р.С.М.!

Заинтересираните работодавачи својот интерес за учество можат да го пријават тука.

Детални информации можат да се добијат на контакт телефон: 076 884 000, достапен секој работен ден од 8 до 16 часот.

За повеќе детали повелете линк: https://www.mk.undp..org/content/north-macedonia/en/home/presscenter/pressreleases/javen-povik-rabotodavci-praktikanstvo.html